Најубавите градби скриени во карпи

Извор на моќ, историја, вредност и почит. Слика која веднаш го покачува адреналинот, возбуда која ве држи во неизвесност до последниот чекор.

neverojatni-gradbi-na-vrvot-na-karpi-01

Градби кои буквално висат на работ на карпите и незамисливо ви е да стигнете до нив, а уште пофасцинантно е како се изградени. Но, денес не само што може да влезете, туку може и да го почувствувате сето тоа.

Бандиагара

Карпите Бандиагара се заштитени од страна на УНЕСКО како едни од најимпозантните африкански карпи и песочни висорамнини со неверојатна архитектура.

neverojatni-gradbi-na-vrvot-na-karpi-1


Небесните пештери во Непал

Сместени се во срцето на Хималаите, 50 метри над земјата, а целосно се направени од човечка рака. Ги има над илјада, а стари се илјадници години. Зошто се изградени и како, сè уште е мистерија.

neverojatni-gradbi-na-vrvot-na-karpi-2


Мадара во Бугарија

Ова не е градба, туку огромен релјеф врежан во карпата кој покажува величенствен коњаник, 23 метри над земјата на вертикална карпа висока 100 метри.

neverojatni-gradbi-na-vrvot-na-karpi-3


Предјамски дворец

Предјамскиот дворец е веројатно најголемата туристичка атракција во Словенија, а подигнат е во 17. век на многу необична локација, на стрмна карпа пред влезот во пештерите.

neverojatni-gradbi-na-vrvot-na-karpi-4


Пештерата Маијишан

Маијишан е името за вкупно  194 пештери во покраината Ганса во Кина. Овој неверојатен, архитектонски зафат содржи 7.200 будистички скулптури и повеќе од 1000 квадратни метри украсени со ѕидни украси.

neverojatni-gradbi-na-vrvot-na-karpi-5


Тунелот Голианг

Овој тунел станал вистинска туристичка атракција во Кина бидејќи овозможува спектакуларен поглед на околината. Иако не е многу сигурен и не е граден според познати стандарди, сепак го привлекува вниманието и често е посетен.

neverojatni-gradbi-na-vrvot-na-karpi-6


Палатата Ал Хајарах

Овој комплекс се наоѓа на карпи, а изгледа како некој изгубен град кој би можел да послужи за некој филм со Џејмс Бонд. Потекнува од далечниот 11. век, а исто така овозможува и незаборавен поглед и фотографски мотиви.

neverojatni-gradbi-na-vrvot-na-karpi-7

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
5 романтични места во Македонија, совршени за меден месец Кој вели дека мора да патувате во странство за да имате незаборавен меден месец?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg