Одморете ги очите и душата: 15 фасцинантни водопади низ светот
Планетата земја е богата со фантастични пејзажи кои знаат да нè остават без здив. Она што може да го направи природата е вистинско уметничко дело, на кое ништо не му е рамно и заслужува огромна почит.
Токму затоа кога ќе застанеме пред некоја таква глетка, немаме зборови за да го изразиме воодушевувањето и само со полните очи и срце ја изразуваме почитта кон убавината за која нема зборови.
Едни од таквите фантастични глетки се водопадите насекаде низ светот.
1. Водопадите Игуазу
Овие водопади се наоѓаат на реката Игуазу, на границата меѓу Бразил и Аргентина, која во најголемиот дел тече низ Бразил, а се состои од 275 слапови, високи од 60 до 82 метри, а долги до 2,7 километри.
2. Крабтри водопади
Се наоѓаат во американската држава Вирџинија во националниот парк Џорџ Вашингтон со висина од околу 300 метри и спаѓа меѓу највисоките во САД, источно од реката Мисисипи, долги и до 760 метри.
3. Албион
Овој водопад е висок 19 метри, богат е со слапови, а се наоѓа во канадскиот град Хамилтон.
4. Венворт
Се наоѓа во Кралскиот национален парк на Сиднеј, а името на абориџински јазик значи „место блиску до вода“.
5. Долни водопади во Ерусалим
Високи се 94 метри и се наоѓаат во националниот парк „Yellowstone“ во американската држава Вајоминг.
Погледнете уште 5 фасцинантни водопади на следната страница...