600 дена патувал и правел по едно селфи. Тогаш настанало ова видео
За време на своето патување, Алекс Чакон обиколил 36 земји, поминал повеќе од 202.000 километри и преминал 75 граници.
Се снимал и фотографирал со лавови, низ пустини, како се вози со најразлични превозни средства и сето тоа го овековечил во само едно видео.
Направил преку 600 кратки селфи видеа од различни дестинации и доживувања кои подоцна ги споил во само 3-минутно видео.
Но, Чејсон не тргнал на оваа авантура само за да направи селфи видеа, туку имал мисија да им помогне на загрозените и посиромашни деца ширум светот.
Попатно успеал да ги направи и кратките видеа кои претставуваат вистинско доживување и патување за паметење.
Доживејте ја авантурата на 26-годишниот светски патник: