Топ 10 летни дестинации за забава на плажа
Никогаш не е премногу рано за да почнете да размислувате за летото, забавата и годишниот одмор. Ако сакате да избегате од досадата и монотонијата, потребно ви е место со луда забава 24/7 каде ќе оставите сè и ќе си поминете незаборавно.
Токму затоа, потребно е да ги знаете најдобрите светски дестинации кои може да ви го понудат она што ви е потребно.
Ибица, Шпанија
Барем еднаш во животот мора да ја посетите Ибица, како најпознато место во Шпанија каде забавата трае до 8 часот наутро.
Сент Тропе, Франција
Лоцирано на француската ривиера и познато по ексклузивни гости и монденски плажи. Овде забавата трае до изгрејсонце.
Зрче, Хрватска
Плажите во Зрце се едни од најпознатите во Европа, каде комбинацијата од кристално чистото море и рајското опкружување плус луда забава е нешто што секој би го посакал.
Закинтос, Грција
Една од најубавите плажи во светот и одлично место за забава.
Барселона, Шпанија
Неверојатен ноќен живот, безброј, барови, клубови, пабови. Градот во кој не се спие и сè е во знакот на добрата забава.
South Beach, Мајами
South Beach е една од најпознатите плажи во Америка и место со најдобар ноќен живот. Таму забавата започнува штом сонцето почне да заоѓа и трае до следниот ден.
Haad Rin Beach, Koh Phangan, Тајланд
Овде најпознати се забавите на полна Месечина, каде илјадници посетители го прославуваат месечевиот циклус. Нешто што мора да го доживеете во животот.
Сао Паоло, Бразил
Ако планирате ова лето да ви биде незаборавно и да не престанете да се забавувате, тогаш веднаш резервирајте си патување во Сао Паоло.
Будва, Црна Гора
Едно од најпознатите туристички места во Црна Гора, убави плажи и исполнет ноќен живот.
Копакабана, Рио де Жанеиро, Бразил
Девојките, ноќниот живот, плажите се само дел од нештата кои ова место го прават едно од најдобрите места за забава секое лето.
Каде би сакале да отидете ова лето?