Нова авантура: Пливање со илјадници медузи
Езерото Медуза, кое се наоѓа во Република Палау, југоисточно од Филипините нуди единствено доживување за пливачите и нуркачите кои сакаат да го искусат пливањето меѓу илјадници медузи.
Познато е како едно од 70-те солени езера на овој остров на Јужниот Пацифик, кој некогаш бил споен со океанот, а сега се одделни самостојни езера.
Овие изолирани езера станале совршено место за медузи, со оглед на тоа што е преполно со алги, нивната омилена храна, а за нивниот развој придонел и фактот што во езерата не постојат нивни природни непријатели.
Иако медузите имаат пипки, тие се премали за да им наштетат на луѓето кои пливаат околу, а и не се отровни.
Капењето и пливањето во езерото е безбедно и дозволено, но за нуркањето мора да се бара посебна дозвола, за да се внимава и да се зачува езерскиот еко систем.
На длабочина од 15 до 20 метри се наоѓа и опасен слој од фосфор и нитрат од цветањето на алгите, поради кој нуркањето без стручна придружба и опрема е строго забрането и опасно.
Можеби досега најатрактивно беше пливањето со делфини, но големите авантуристи, дефинитивно имаат нов предизвик и ново задоволство.
Погледнете го и видеото од оваа авантура: