9 највисоки ресторани во светот
Во многу градови низ светот во тренд е да се градат туристички атракции на поголема височина отколку да се оди по стариот, здодевен стил.
Инспирирани од височините, сопствениците на 9-те ресторани кои се изгредени на највисоки места во светот, споредено со останатите ресторани, добиле идеја за приготвување импресивни јадења „зачинети“ со адреналин.
Погледнете ги највисоките ресторани ширум светот, кои со својата убавина и необичност ќе ве натераат веднаш да резервирате маса!
Stratosphere’s Top of the World Restaurant
Се наоѓа на повеќе од 800 метри над Лас Вегас. Хотел и кула кој нуди сигурно јадење и прекрасно искуство. Ќе уживате во ротирањето на ресторанот кој го одзема здивот со своето вртење од 360 степени на секои 80 минути.
Chao-Jiang Cuisine & Palace Club
Два ресторани и палата клуб кои ќе ве освојат со јапонска и Chao-Jiang кујна, а се наоѓаат на неверојатни 243 метри височина.
The Signature Room Restaurant
Лоциран на врвот на Џон Хенкок центарот, ресторанот на својот 95-ти кат ќе ве воодушеви со исклучителната храна, услуга и блескав панорамски поглед на Чикаго преку прозорците од таванот до подот.
Sky Restaurant 634
Небесниот ресторан 634 го дава чувството на магијата исполнета од светлината на градот, дополнета со специјалитети кои оставаат без здив. Тој е втор ресторан по големина во Токио.
Ding Xian
Сместен е на 86-тиот кат во зградата Тајпеј 101, на височина од 508 метри. Ресторанот Динг Ксиан ви ја нуди традиционалната тајванска кујна и ужување во панорамскиот поглед, опкружен со ѕидови обвиткани во паунски пердуви. Мирисот на свежина од чистиот воздух, ќе разбуди страст исполнета со поглед кон височините над Шангај.
Tosca
Италијанскиот ресторан Тоска, кој се наоѓа на 102-от кат на Риц Карлтон е навистина исклучителен. Освен со поглед кон пристаништето на Хонг Конг, овој ресторан може да се пофали со највисокиот бар во светот, лоциран на 118-от кат.
Twist Mediterranean Buffet
Највисокиот ротирачки ресторан плени со беспрекорна елеганција. Удобно место за јадење и одличен избор за фамилијарен ручек. Нуди медитерански, западни и кинески специјалитети.
Elba Italian Restaurant
Вториот највисок ресторан во светот, Елба, е италијански ресторан лоциран во хотелот „Сент Реџис“ во Кина нуди јадења приготвени од инспирацијата на светските готвачи. Може да се пофали со вкусни, домашни тестенини, паста и пици кои се комбинираат со сортни вина.
Atmosphere
Носител на Гинисов рекорд за највисок ресторан од земјата, на 442 метри височина. Се наоѓа во Бурџ Калифа и е еден од најдобрите во светот познат по луксузните специјалитети, погледот кон Арапскиот залив и небесната атмосфера.