Запловете низ шпанската Венеција
Емпуриабрава е необично гратче на брегот на Џирона, Коста Брава во Шпанија. Долги водени канали ги поврзуваат сите места до кои може да се патува само со некое од 5000-те бротчиња.
Вистинско уживање е да се плови низ него за време на летниот период. Поради својот воден сообраќај познато е и како шпанска Венеција.
Важи за луксузно место за богатите кои може да си дозволат уживање на некоја јахта. Има повеќе приватни домови изградени во класичен медитерански стил.
Ноќниот живот изобилува со барови, дискотеки и многу ексклузивни ресторани во кои може да се вкуси најразлична храна.
Често преку ден се изнајмуваат глисери и јахти со кои се прави бродска тура или се изведуваат некои водени атракции. Вистинско монденско место за уживање!
Запловете низ шпанската Венеција преку овие фотографии: