8 - те најдобри светски скијалишта кои вреди да ги посетите
World Skiing Awards се награди кои се доделуваат секоја година во однос на одредени критериуми: квалитетна услуга, број и квалитет на скијачките патеки, разновидна понуда за сместување и забавни содржини за посетителите.
Услугата ја оценуваат најупатени и најактивни скијачи меѓу кои се менаџери на туристички компании, медиумски стручњаци и самите гости. Оваа година во натпреварувањето учествуваа 80 држави, а 20 од нив се одбрани за финалното гласање во 4 категории: најдобри скијалишта, најдобри хотели, најдобар бутик хотел и најдобро планинско одморалиште.
Апсолутен победник е француското скијалиште Val Thorens кое е прогласено за најдобро во светот. Најдобар хотел е Ritz Carlton Bachelor Gulch во САД, најдобар бутик хотел е австрискиот Aurelio Lech, а најдобро планинско одморалиште е Bighorn, Revelstoke во Канада.
Ако сте страстен скијач и сè уште не знаете каде да одите на својата овогодишна скијачка авантура, погледнете дел од скијачки центри кои ги добија наградите, па можеби ќе пронајдете инспирација.
1.Val Thorens (Франција) – најдобро светско скијалиште
Скијалиштето во француските Алпи не само што има најмногу скијалишта во светот, туку и во комбинација со уште две долини го формира најголемото светско скијалиште со повеќе од 600 км патеки. Во него нема да пронајдете симпатични мали куќички и хотели, но затоа може да уживате на најдобрите патеки.
2. Deer Valley Resort – најдобро американско скијалиште
Сезоната во Deer Valley Resort веќе е започната и трае до 13. април. Скијалиштето нуди 6 падини и дури 101 патека. Овде традиционално се одржува и меѓународното првенство во freestyle скијање Visa Freestyle Ski International World Cup 2014, што придонесува за уште една интересна димензија на скијачката забава.
3. Laax – најдобро швајцарско скијалиште
Скијалиштето Laax се наоѓа на сончевата „тераса“ на швајцарските Алпи на страна заштитена од ветрот, а дел е од познатата Алпска арена – комплекс од скијалишта кој се состои и од соседните гратчиња Флимс и Фалер. Како што и самите кажуваат, нудат повеќе од скијалишта. Вистинска скијачка авантура и омилена дестинација на многу сноубордери. Се состои од 60 патеки со вкупна должина од 220 км. Најдолгата патека е 14 км, а целото скијалиште има капацитет од 42 илјади скијачи. За сите кои го сакаат скијачкото трчање постојат 56 км патеки и 60 км пешачки рути со две патеки за санкање за најмладите.
4. Åre – најдобро шведско скијалиште
Åre е најголемо и најразвиено шведско скијалиште, каде сè е одлично организирано и уредено, така што секој со леснотија може да дојде до патеките без оглед на локацијата каде се сместени. Патеките се оспособени за скијачи и сноубордери кои имаат сопствен сноуборд парк, а освен тоа се организираат и разни активности за сите оние кои не сакаат само скијање. Тоа се јавање на коњи, санкање, голф и тенис. Исто така има и риболов во замрзнат базен и голем спортски центар. Оспособени се и патеките за планинарење и алпинизам, така што секој посетител може да пронајде нешто за себе.
5. Niseko – најдоброто јапонско скијалиште
Најголемото скијалиште на островот Hokkaido годишно има најмногу снег, а гостите не доаѓаат само од Азија, туку и од Европа и од Америка. Секоја година овде паѓа рекордна количина снег, дури и до 16 метри. Преку ден Niseko е современо скијалиште кое се состои од 4 скијачки зони поврзани со систем на влечење, а навечер се претвора во град на забава. Се состои од 34 патеки, со максимална надморска висина од 1156 метри.
6. Garmisch-Partenkirchen – најдобро германско скијалиште
Германското скијалиште Garmisch-Partenkirchen е вистинско задоволство за искусните скијачи. Екстремното скијање овде нема бидејќи нема голем број патеки, вкупно се 120 км, но ако отидете за да уживате во убавината на природата, тогаш ова е вистинското место. Најдолгата патека има само 5 км, а комплексот на скијалишта може да прими околу 50 илјади скијачи.
7. Ruka – најдобро финско скијалиште
Ова е одмор за Ескимите. Облечете се топло бидејќи скијалиштето се наоѓа во североисточна Финска, до самиот Арктички круг. Овде почнува и родната земја на Дедо Мраз – Лапонија, што всушност додава една бајковита димензија на патувањето. Ruka нуди целосно искуство, не само скијање, бидејќи всушност и нема големо скијалиште – само 20 км патеки со максимална должина од 1300 метри. Но, природата и финската шума ќе ви останат во спомен засекогаш.
8. The Lake Louise Ski Resort – најдобро канадско скијалиште
Ова канадско скијалиште е едно од најголемите во Северна Америка, Се наоѓа недалеку од езерото Моаини, а располага со 139 км патека со различни тежини, удобни хотели и прекрасни пејзажи. Во однос на природата The Lake Louise Ski Resort е апсолутен победник.