Десет светски локали со највкусно кафе
Секој од нас сака да се разбуди со вкусно и мирисно кафе. Го подигнува расположението и го одржува вниманието, сојузник ни е во моментите кога имаме напорни обврски и знае да ни се придружи во секој состанок со најмилите.
За сите оние на кои кафето им е непроценливо уживање, подготвивме мини мапа на најинтересните специјализирани локали за вкусно кафе.
Прошетајте го светот преку 10 шолји кафе. Еве каде задолжително треба да застанете:
1. “AIA Coffee & Restaurant”, Португалија
Овој божествен локал е сместен во куќа од 19 век, која на своите купувачи им нуди можност да испијат топла шолја кафе во автентично опкружување, со старински дух.
2. “Zmianatematu”, Полска
Забавниот и симболичен ентериер од дрво е она што го прави овој локал неодолив и препознатлив. Резултатот е едноставен - вкусно кафе опкружено со елеганција.
3. “D’espresso”, Њујорк
Сите оние кои уживаат во топлото кафе во друштво на книга, ќе бидат воодушевени од оваа идеја. Се работи за библиотека која се наоѓа во ѕидовите, која е на користење на секој посетител.
4. “Coutume Café”, Франција
Во срцето на Париз се наоѓа оваа минималистичка продавница која е далеку прочуена по вкусното француско кафе. Шармантен ентериер и миризлива атмосфера.
5. “Balzac’s Coffee Roastery”, Канада
Многумина веруваат дека овде може да се најде најквалитетното кафе во Канада. Овој локал е осмислен според најголемиот љубител на кафето – Балзак, оној кој по верувањето пиел по 10тина шолји кафе на ден.
6. “Estate Coffee”, Данска
Оваа мала и интимна продавничка за кафе се наоѓа во срцето на главниот град. На своите купувачи им овозможува да ја понесат својата шолја кафе. Покрај големиот избор на кафе, овде може да пронајдете и многу слатки десерти кои одлично одат со него.
7. “Kaffe”, Данска
Уште едно кафуле кое е вредно за внимание. Овде се нуди голема палета на кафиња, како оние популарните, така и уникатно осмислените необични вкусови. Ентериерот е посебно пријатен и топлата атмосфера е нешто во што на прв поглед ќе се заљубите.
8. “The House Café”, Турција
Исклучиво пријатно место во кое можете да дегустирате оригинално турско кафе или пак некој модерен вкус. За посебната атмосфера заслужни се декоративните предмети, тајните премини и пријатната летна градина.
9. “La Pâtisserie des Rêves”, Франција
Се работи за еден од најпопуларните локали во Франција, во кој можете да пронајдете и слатки и солени печива, покрај миризливото кафе. Многумина тврдат дека овој локал го служи најдобриот појадок, а воедно уживате во бајковитиот амбиент на овој простор.
10. “Cielito Querido Cafe”, Мексико
Ентериерот на овој локал е уреден во духот на латиноамериканскиот стил. Внимателно се одбрани мотивите и боите, но сепак најголем дел од декорација зазема кафето, па на полиците може да се пронајдат уникатни садови и мелници за овој вкусен напиток.