10 документарни филмови кои треба да ги погледне секој љубител на патувањата
Секој патник кога тргнува во нова авантура има потреба да се запознае со местото и искуствата кои го очекуваат. Ако и вие сте едни од оние патници кои постојано сакаат да се во тек со настаните низ светските дестинации, пред да ги посетите задолжително погледнете ги 10те најдобри документарни филмови.
Некои од нив дури и ќе ја разбудат желбата во вас за да ги посетите, доколку не сте помислиле на тоа претходно.
1. Baraka
Снимен е во 25 различни земји на 6 континенти, а со тоа ви нуди целосен преглед на најмистериозните, најнеобичните места кои може да ги посетите и истражите.
2. Blindsight
Снимен е во Тибет. Исклучително ќе ве погоди приказната на дејството за 6 слепи деца кои се искачуваат на Еверест. Ќе ја дознаете и шокантната приказна за третманот на овие лица и училиштето за слепи кое е основано од еден вистински патувачки херој.
3. The endless summer
Снимен е во Јужна Калифорнија, Западна и Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд, Тахити и Хаваи. Се работи за една интересна сурферска приказна во која се прикажуваат недопрени места од минатото кои ретко можеле да се видат, а некогаш ги посетувале само светски познатите сурфери.
4. Frozen Planet
Снимен е на Северниот и на Јужниот Пол. За сите оние кои ги интересираат замрзнатите места, ова е вистински филм кој ќе ви ги покаже интересните места и случувања кои можете да ги искусите само под дебелите слоеви мраз.
5. Тhe Fruit Hunters
Снимен е во Бали, Борнео, Хондурас, Умбриа, Мајами и Холивуд. Филм кој ќе ве натера да патувате преку вкусот во устата. Трагајќи по ретки видови манго и заборавени видови круши, патувањето ве води низ џунгли, италијански вили, па дури и во дворот на Бил Пулмен.
6. If God is willing and Da Creek don’t rise
Снимен е во Њу Орлеанс. Корупција, насилство, многу незгоди и духот на луѓето во овој филм е она што ќе ве зарази. Колку и да го сакате или да не го сакате местото, сепак ќе ви го задржи вниманието до крај за да ги дознаете случувањата кои го прават овој град жив.
7. Life in a day
Снимен е во неверојатни 192 земји, од Австралија до Ангола. Особено интересно е тоа што во 90 минути е прикажан еден ден кој се случува во исто време на 192 различни места и прикажува од највообичаени моменти како појадување јајца и чекање на станица до дете кое се моли над телото на својата мртва мајка. Уште еден доказ за тоа колку вообичаени и невообичаени работи ни се случуваат секојдневно.
8. Sharkwater
Снимен е во длабочините на водите во Австралија, Тонга, Бахамите, Костарика, Галапагос и многу други. Овој филм ќе ве запознае со подводниот свет, особено со ајкулите кои иако сите ги знаеме како најопасни, сепак се докажува спротивното. Опфатени се и различни доживувања и ситуации кои вреди да ги погледнете доколку сте љубители на нуркањето.
9. South Pacific
Снимен е на јужните пацифички острови кои ги вклучуваат: Хаваи, Вануату, Папуа Нова Гвинеја, Нов Зеланд... Ја претставува Океанија како една од најволшебните неоткриени места на Земјата. Гледајќи го овој филм ко опфаќа места какви не сте виделе до сега, ќе посакате да го фатите следниот лет и да заминете.
10.Stephen fry in America
Снимен е во 50 држави на САД. Овој филм ви ги прикажува сите познати и помалку познати места низ цела Америка. Ве запознава и со најразличните профили на луѓе. Доколку сакате да дознаете работи кои до сега не сте ги дознале или виделе за Америка, овој филм ќе ви го овозможи тоа.