Патување по стапките на Џејмс Бонд

Оваа година се одбележуваат 50 години откако Џејмс Бонд се појави на филмското платно. Преку серијалот филмови, главниот јунак, тајниот агент  007, посетил дури 38 држави. Ние ги издвоивме најинтересните.

patuvanje-po-stapkite-na-james-bond-01

Голден Ај, Јамајка

Ијан Флеминг е британски новинар, писател и автор на романите за Џејмс Бонд. Приказните за овој таен агент Ијан ги смислувал и запишиувал токму во оваа куќа која е на сликата. Флеминг својот имот со неверојатен поглед, го нарекол Golden Eye – златно око. Дванаесет години по смртта на Флеминг, куќата ја купил Боб Марли. Денес имотот го поседува Крис Блеквел, кој од местото направил хотел каде минимална цена за ноќевање е 1200 долари.

patuvanje-po-stapkite-na-james-bond-1

Јокулсарлон, Исланд

Ватнајокул е спектакуларно езеро кое настанало со топење на глечерот на подрачјето на глечерско крајбрежје Јокулсарлон. Со длабочина од 248 метри, ова е најдлабокото езеро на Исланд. Оваа фантастична замрзната локација се појавува во филмовите „Поглед на убиство“(A view to a kill) и „Умри друг ден“(Die another day) од серијалот филмови за Џејмс Бонд. Исто така се појавува и во некои сцени на филмовите „Tomb Raider” i “Batman: Begins“.

patuvanje-po-stapkite-na-james-bond-2

Шилторн, Швајцарија

Шилторн е еден од алпските врвови во Швајцарија. Со 2970 метри надморска височина, нуди магичен поглед на Бернските Алпи. Прочуениот ресторан „Piz Gloria“ која се наоѓа на Шилторнм, направен со финансиска помош од екипата која работела на филмовите на Џејмс Бонд, само за да им се отстапат ексклузивните правата да снимаат на ова место. Се работи за филмот „Во тајна служба на Нејзиното Височество“ (On Her Majesty’s Secret Service).

patuvanje-po-stapkite-na-james-bond-3

Карлови Вари, Чешка

Акцијата во филмот „Казино Ројал“ (Casino Royale), која се случува во Црна Гора, всушност е снимена во Чешката Република. Градот Карлови Вари била одлична дестинација за снимање на филмот, бидејќи во него се наоѓа големо казино. Карлови Вари, град кој се наоѓа 130 километри западно од Прага, познат е и по изворите на топла вода.

patuvanje-po-stapkite-na-james-bond-4

Удајпур, Индија

Повеќето акции од филмот „Октоподи“ (Octopussy) се случува во градот Удајпур во Индија. Најпознатите места во градот Удајпур се три палати: Монсун, Лејк и Јаг Мандир. Сите три палати се појавуваат во филмот „Октоподи“.

patuvanje-po-stapkite-na-james-bond-5

Пра Нанг – Ао Нанг, Тајланд

Пра Нанг е одлична плажа во малиот град Ао Нанг на Тајлнад. Кристално бистрата вода е она што маѓепсува. Оваа плажа е вистинска туристичка атракција, а она што буди најголемо интересирање кај посетителите е островот на Џејмс Бонд. На ова место е сниман филмот „Човек со златен пиштол“(The Man with the Golden Gun).

patuvanje-po-stapkite-na-james-bond-6

Би можело да ве интересира:

Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg