14 дестинации кои се замрзнати во времето
За некои места времето застанало и го зачувале изгледот од својот почеток без разлика на промените и напредокот во светот.
И ако некогаш помисливте дека патувањето низ времето е невозможно, првите 7 дестинации ќе ве убедат во спротивното.
1. Езерото Инле - 19. век, Мјанмар
Градот-брод Ниаунг Шви во Мјанмар, се наоѓа во близина на езерото Инле, каде фасцинантната и специфична култура не е променета со години, вклучувајќи ги веслањето со нога и градините кои пловат низ трските. Но, зголемувањето на населението и брзиот пораст на агрокултурата и туризмот ги загрозуваат изворите на езерото.
2. Селото Фунен - 18. И 19. век во Данска
Селото Фунен се наоѓа во Фруенс Боге, областа на Одензе. Има вкупно 25 градби кои потекнуваат од 18. и 19. век. Летно време, луѓето облечени во традиционални носии оддаваат впечаток како да живеат во времето на познатиот Ханс Кристијан Андерсен.
3. Стариот град, Архус - 16. и 19. век, Данска
Во 1914, стариот град Архус бил промовиран како првиот отворен музеј во светот. Претставува историска разновидност на градби од целата земја во периодот помеѓу 1550-та и 1800-та година. Има различни продавници и сувенирници, а вработените во музеите се движат низ градот во одредена улога со која го прават градот како „жив“ музеј.
4. Островот Кижи - 15. до 17. век, Русија
Кижи е остров во руското езеро Онега. Има две населби од 15. век, а меѓу нив се наоѓаат две цркви и камбанарија изградена во 1700-та година. Населението е преселено во 1950-та година, заради заштита, историските градби се преместени на островот, а целиот остров е претворен во отворен музеј.
5. Санкеи-ен - 15. до 19. век, Јапонија
Санкеи-ен е обновен дел од историјата. Бил оштетен за време на Втората светска војна, па реставриран и вратен во неговата првобитна состојба од страна на Санкејската Хошокаи Фондација. Градбите во него потекнуваат од цела Јапонија, а многу од нив имаат историско значење. Негова најстара градба е традиционалната јапонска кула (пагода)Томио-Џи, оригинално изградена во Киото во 1457 година.
6. Селото Ксиние - 14. Век, Кина
Ксиние во кинеската провинција Жеџијанг е забележано како село со добро зачувана архитектура и стари градби од ерата на Минг и Кинг. Во ова историско село е зачувана древната традиција за одржување на фестивалот Шангаси.
7. Литл Вудам - живо историско село од 17. век во Англија
Тоа е жив музеј кој го реконструира животот во Англија од срредината на 17. Век. Пронајдено во стара шума на Хемпшир, селото изгледа како да е застанато во летото од 1642 година и зборува за Чарлс Први и борбата меѓу Кралот и Парламентот.
Продолжете кон вториот дел: Уште 7 фасцинантни дестинации замрзнати во времето.