Најубавите плажи за лето 2013

Плажата Matira, Тахити

najubavite-plazi-za-leto-2013-08

Плажите на Бора Бора се премногу совршени за да бидат вистинити. Тоа е доста популарна дестинација со луксузни одморалишта и бунгалови ишарани по белиот песок. Но, најдоброто место е Матира плажата заради тоа што таа ве потсетува зошто овие места се толку популарни.

Плажата Champagne, Ванутау

najubavite-plazi-za-leto-2013-09

Островска земја во јужниот Пацифик одекна во јавноста пред само неколку години кога нацијата која живее таму беше прогласена за најсреќна во светот. Со плажи како овие, како и да не бидат? Оваа плажа е наречена Шампањ токму поради природниот феномен на чистата вода која се бранува и прави светла пена која не секаде може да ја сретнете.

Плажата Grande Anse, Сејшели

najubavite-plazi-za-leto-2013-10

Оваа плажа се наоѓа на островот Ла Диг, трет најголем по население на Сејшелите. До него е доста тешко да стигнете бидејќи нема никаков организиран превоз. Чистиот бел песок е ситен како пудра и фасцинантно сината вода сигурно ќе ви остави прекрасен впечаток. Сепак во овие води струите се доста јаки, а на плажата нема многу ладовина и сенки. Ова е идеална плажа за оние кои го сакаат топлото сонце и често се сончаат.

Las Salinas, Ибица

najubavite-plazi-za-leto-2013-11

Оваа километарска песочна плажа во облик на полумесечина е една од најпознатите плажи на кои доаѓаат доста славни личности. Морето е кристално чисто, тиркизно, а кога дува малку повеќе ветар одлично е за сурфање. Ова е идеално место за оние кои се зависни од акција и ноќни забави. Точење на коктели до доцна навечер, организирани журки и гласна музика е она во што ќе уживате ако ја посетите.

Плажата Egremni, Грција

najubavite-plazi-za-leto-2013-12

Драматично заоѓање на сонцето, неверојатно сина вода и доволно место за сите. Оваа долга песочна плажа се наоѓа на западната обала на Лефкада и стана популарна уште во 1990 година кога е изграден првиот пат до неа. Опкружена е со многу карпи, па затоа до неа не може да се стигне со автомобил, туку има околу 400 скалила. Уредена е со постојани лежалки, а ресторанот покрај паркингот се наоѓа во самите карпи.



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg