Најубавите плажи за лето 2013

Секој има свои очекувања кога се работи за совршената плажа, некој сака осамени ќошиња, песок и карпи, додека некој сака во близина да има голем број на кафулиња, ресторани, гужва и добра забава.

najubavite-plazi-za-leto-2013-01

Кој тип и на плажа да го сакате, во овие сигурно ќе ја пронајдете својата совршена.

Плажата Rabbit, Италија

najubavite-plazi-za-leto-2013-02

Со заслепувачки бели карпи, тиркизно сина вода и пријатни температури оваа плажа е прогласена за најубава во 2013 година. Оваа плажа се наоѓа на италијанскиот остров Лампедуса во Средоземното море. Кога ќе ја посетите оваа плажа ќе може да видите желки кои ги положуваат своите јајца во песокот, а во чистата вода без проблем ќе забележите и делфини.

Плажата Flamenco, Порторико

najubavite-plazi-za-leto-2013-03
Секако е една од најубавите плажи во светот, со бел песок, карипско сонце и тиркизна чиста вода. Плажата се наоѓа на малиот остров Кулебра, североисточно од обалата на Порторико. Оваа плажа е омилено место за оние кои не се согласуваат лесно на лудории. Имено, на плажата се наоѓаат само неколку киосци од кои можете да изнајмите лежалки и камп опрема, како и храна и пијалаци.

Плажата Oludeniz, Турција

najubavite-plazi-za-leto-2013-04

Иако во буквален превод значи “мртво море”, името го добила токму поради тоа што водата е мирна дури и кога има олуи. Се наоѓа на југозападниот дел на Турција, на Егејско море. Тиркизното, чисто и плитко море и долгата песочна плажа се идеални за оние кои бараат вистински одмор. Одлично место за оние кои сакаат и параглајдерство, заради неверојатниот поглед кон плажата и планините со кои е опкружена.

Capo Sant Andea, Италија

najubavite-plazi-za-leto-2013-05

Овој прекрасен залив се наоѓа на островот Елба во Италија. Водата е толку бистра што се гледа морското дно дури и во најголемите длабочини. Плажата е обиколена со карпи кои се така добро измазнети, доволно за да бидат удобни природни лежалки.

Playa Paraiso, Куба

najubavite-plazi-za-leto-2013-06

Се наоѓа на малиот остров Кајо Ларго. Прекрасната долга обала со бел песок, кристално чиста вода и небо без облаци се присутни преку целата година. Оваа плажа не е преполна како останатите на овој остров, па времето секогаш е мирно, а водата плитка и чиста. Поставени се само неколку природни чадори за сонце и постои само еден единствен бар за храна и пијалаци.

Плажата Navagio, Грција

najubavite-plazi-za-leto-2013-07

Песочна плажа која се наоѓа на заливот на островот Закинтос и до неа може да се дојде исклучиво само со брод. Опкружена е со прекрасни карпи и се чини дека чистата тиркизна вода е заштитен знак на оваа плажа, како и сите останати на овој остров. Некогаш се викала Свети Џорџ, но името било променето во Navagio (бродолом) бидејќи тука се наоѓа бродот на Панајотис кој наводно несреќно загинал заради лошо невреме, токму во водите на оваа плажа.

Уште 5 плажи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg