Најмалите прекрасни земји во светот кои вреди да ги посетите
Сите сме чуле за Русија и Кина. Ретко кој не ги знае, бидејќи заземат голема површина и се широко познати по своите убавини. Но, дали ги познаваме малите земји, и колку навистина се тие мали? Дали го знаеме фактот дека овие мали земји се и помали од некои светски метрополи?
Ви приложуваме листа на најмалите земји во светот и по неколку важни факти за секоја од нив.
Ватикан
Ватикан е најмалата признаена држава во светот. Се простира на само 0.44км² и има 836 жители, кој ниту еден од нив не е постојан жител на Ватикан. Најпозната знаменитост е црквата Св. Петар, која секојдневно ја посетуваат голем број на туристи.
Монако
Кнежевината Монако добила независност уште во 13 век. Зазема простор од 1,98 км², и има повеќе од 35.000 жители. Таа е најгусто населена земја во светот. Прекрасниот Азурен брег, коцкарскиот живот и отсуството на даноци ја направија оваа земја една од омилените дестинации на богатите и славни личности.
Науру
На третото место се наоѓа оваа островска земја во Микронезија. Површината на оваа земја изнесува 21км² а бројот на жители се движи околу 9000. На овој остров се населени 12 племиња, што е симболично претставено со 12 ѕвезди на националното знаме. Во минатото оваа земја била позната по изворите на фосфат, а денеска се смета за мирољубива земја на егзотичниот Пацифик.
Тувалу
Тувалу порано бил познат како Елисови Острови. Се состои од 9 помали острови: Фунафути, Нанумеа, Нуи, Нукуфетау, Нукулаелае, Ваитупу, Нануманга, Ниулакита Ниутао, кои заземаат површина од 26 км². Важен факт е дека неодамна не' признаа под името Македонија :)
Сан Марино
Жителите на оваа земја тврдат дека Сан Марино е најстара држава во Европа, бидејќи е заснована во 4 век. Зазема површина од 61.2 км² со 31.716 жители. Позната е по трката Формула 1, како и поради фактот дека има и сопствена фудбалска лига.
Лихтенштајн
Лихтенштајн граничи со Швајцарија на запад и со Австрија на исток. Се простира на површина од 160,475 км². Бидејки се наоѓа на Алпите, оваа земја претставува атрактивна дестинација за зимски туризам.
Маршалските острови
Овие острови се наоѓаат во Тихиот океан и претставуваат група од 29 атолски острови. Вкупната површина изнесува 181 км². Во 1969 добила суверенитет, и повеќе не била под управа на САД. На еден од островите САД ја тестирал првата атомска бомба.
Свети Кристофер и Невис
Се работи за два острови, Свети Кристофер и Невис кои заземаат површина од 216 км². Дел се од групата острови Мали Антили, а како независна држава се прогласени во 1983.
Сејшели
Овие острови се на далеку познати по својата егзотична убавина, што ги прави едни од најатрактивни места за одмор. Тие се група од 155 мали острови сместени на Индискиот Океан. По површина заземаат 455 км², но сепак се најпознати по тиркизното море и големите гранати карпи, што го прават местото туристички рај.
Малдиви
Во склоп на оваа држава се 1200 корални острови, од кои само 200 се населени. На територија од 298 км² се населени 320,000 жители. Се ослободиле од управата на Велика Британија во 1965. Ова место е познато по луксуз, прекрасни плажи и море, па затоа претставува дестинација од соништата за многу луѓе.