Магична река - чудо на природата

Гледајќи во овие прекрасни фотографии, невозможно е да не се запрашаме дали се работи за фотошоп бидејќи е премногу магично за да биде вистинито.

magicna-reka-cudo-na-prirodata-1

Се работи за Волшебната река која се наоѓа во местото Хинатуан на Филипините и koja е голема туристичка атракција.

За оваа река постојат многу легенди кои мештаните обожаваат да им ги раскажуваат на посетителите. Се верува дека бојата на оваа река е дело на мистични суштества и самовили. Впрочем, кој друг би можел да создаде ваква боја освен магичните самовили?

Легендата вели дека навечер кога сите ќе заспијат доаѓа една светулка која го осветлува местото. Тогаш, над реката се појавува прекрасна самовила и нејзините поданици – џуџиња. Со своето магично стапче самовилата ја разматува водата, а џуџињата почнуваат да фрлаат скапоцени камења од сафир и жад во речното корито и токму заради тоа следното утро реката ја има онаа неверојатно азурно – зелена боја.

Околу оваа река кружат и многу други преданија, како оние дека во нејзе има рајски видови на риби кои ниеден рибар не може да ги улови, а некои тврдат дека навечер на реката доаѓаат да се капат прекрасни голи девојки, со коси до земја и милозвучни гласови, а штом ќе блесна првиот зрак, тие магично исчезнуваат.

Реката се наоѓа 20 км од автопатот и како дестинација е лесно достапна.

Кој не би сакал да се искапе во овие мистериозни води?

magicna-reka-cudo-na-prirodata-2

magicna-reka-cudo-na-prirodata-3

magicna-reka-cudo-na-prirodata-4

magicna-reka-cudo-na-prirodata-5

magicna-reka-cudo-na-prirodata-6

magicna-reka-cudo-na-prirodata-7

magicna-reka-cudo-na-prirodata-8

magicna-reka-cudo-na-prirodata-9

magicna-reka-cudo-na-prirodata-10

magicna-reka-cudo-na-prirodata-11

Би можело да ве интересира:

„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg