Топ 8 атракции во Амстердам

Златното доба на холандската култура се чувствува во секој дел од овој град. Ги спојува минатото и сегашноста, така што во одреден момент можете да го почувствувате духот на седумнаесеттиот век. Од прошетката во повеќето музеи, шопинг центрите, до возењето по каналите, вашето време ќе биде квалитетно пополноте.

top-8-atrakcii-vo-amsterdam-01

Ова се 9те атракции кои како посетител на Амстердам мора да ги видите и доживеете:

Музејот на Ван Гог

Еден од триесетте најпосетени музеи во светот. Тука се сочувани сликите од најпознатите светски уметници. Повеќе од 800тини дела се изложени во кои ќе ужива секој љубител на уметноста.

Музејот на торби и паричници

Единствен музеј во Европа од ваков тип. Изложени се повеќе од 4.000 торби. Настанал така што познатата колекционерка на чанти Хендрикје Иво по долги години собирање на различни торби и паричници, решила да ги изложи во јавност.

Возење по канал

Постои широка палета на избор за разгледување на градот на вода. Од романтични вечери на брод, до шопинг. Изберете го својот начин и уживајте во водната авантура.

top-8-atrakcii-vo-amsterdam-1

Куќата на Ана Франк

Споменик претворен во музеј кој ја раскажува приказната  од Втората светска војна. Прекрасно место за посета е токму оваа куќа каде што Ана Франк се сокривала со своето семејство и местото каде што таа го напишала својот светски познат дневник.

Музејот на Хајнекен

Кога ќе се одлучите да се одморите од разгледувањето на Амстердам, прав начин тоа да го направите е со добро ладно пиво. Во овој случај, посетете го музејот и уживајте во бесплатните пива. Додека уживате ќе ја дознаете историјата на Хајнекен, исто како и процесот на правење на пивото.

top-8-atrakcii-vo-amsterdam-2

Концертна сала

Изградена во 19 век, позната е по својата извонредна акустика. Секоја среда, од септември до јуни, нешто по 12 часот се изведува бесплатна триесет минутна претстава. Во главно, тоа е проба на светски познатите оркестри и ансамбли кои навечер настапуваат.  

Црвената зона

Место кое не смеете да го заобиколите, без разлика дали сакате да купувате или само да го гледате ова необично место. Генерално, областа е безбедна за сите туристи, иако многумина се срамат да прошетаат по овие улици. Зошто? Во црвената зона се наоѓа еден потполно поразличен, секси свет. На распродажба ќе најдете многу филмови, списанија и играчки. Најголемото внимание е упатено кон жените кои играат во излозите на локалите. И она што е најважно да знаете доколку ја посетувате оваа област, фотографирањето е строго забрането.

top-8-atrakcii-vo-amsterdam-4

Рембрантовата куќа

Своето патешествие завршете го во уметнички дух, во кој всушност и ја започнавте оваа приказна. Посетете ја куќата на Рембрант ван Ријн и уживајте во просториите каде што тој ги создал своите најзначајни дела.

Би можело да ве интересира:

„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците Во кампот Esperides, многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со год...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg