Спектакуларни базени низ светот
Неколку базени низ светот се исклучително убави само поради нивната локација, дизајн, облик или пак се заедно.
Во прилог ќе ѕирнеме како изгледаат овие спектакуларни базени:
Првиот базен е навистина како од приказните. Тој се наоѓа на карпа од која се гледа бесконечна водна површина. Секој гостин во Бали, Индонезија може да ужива во овој поглед само доколку е гостин во една од 84те луксузни вили во непосредна близина на овој базен.
Мозаикот од плочки во портокалова, црвена и жолта боја го дава овој прекрасен базен во Тајланд. Неговата форма и големина или пак местоположба не е толку впечатлива, како бојата на водата.
Овој базен е во склоп на луксузниот Joule Hotel. Еден од балконите на хотелот е прилагоден за базен со стаклено дно.
На Бахамите се наоѓа уште еден неодолив базен со чија бесконечност ви се чини дека дека водата е споена со Атлантикот. Дизајнот е неодолив и луксузен, како и ресортот во чиј склоп се наоѓа.
Најпознатиот базен на светот, повторно се наоѓа во Бали. Во склоп на шумска околина и невидливи граници на самиот базен, тој нуди застрашувачко уживање.
Базенот кој е именуван Немо 33 и е најдлабокиот базен во светот, и се наоѓа во Белгија. На 115 метри длабочина се одржуваат курсеви за нуркање при кои што се ослободува стравот од длабочината. Генијален начин за тоа да се постигне се подводните градби.
Последниот базен од оваа листа е рекордно најголемиот базен во светот. Се протега на 3.323 метри и е во склоп на луксузен хотел во Чиле. Специфичноста е тоа што е исполнет со морска, а не обична вода.