Ледена пештера во Исланд - чудо на природата
Ледените пештери се привремени структури кои се наоѓаат на краевите од глечерите и навистина изгледаат прекрасно од внатре, а исклучок не e ниту оваа која се наоѓа на глечерот Скафтафел, Исланд.
Ледот кој со векови се спуштал по падините на планината Орафајокул и се слевал во глечерот Свинафелсјокул, метаморфозирал во лед под силен притисок кој речиси и да не содржи воздух во себе. Тоа што не содржи воздух значи дека ја апсорбира речиси цела видлива светлина.
Исто така, поради брзото движење на глечерот (од 1 метар дневно), е предизвикана пукнатина на горниот слој на пештерата од каде што влегува неправилно прекршена светлина што ја дава таа небесно- азурна волшебна боја во пештерата.
Уживајте во ова чудо на природата.