Летно уживање на Миконос
Грција, како доста популарна дестинација за одмор во изминативе години, нуди голем број на приватни вили. Токму Rocky Retreat Two е една меѓу најпосакуваните вили на островот Mykonos.
Совршен избор за одмор за оние кои сакаат да уживаат во нешто поразлично. Оваа вила има историски поразличен надворешен изглед за разлика од сите останати градби. Не е во класичен грчки стил и токму заради тоа совршено се совпаѓа со природата околу неа. Со карпестата наворешност сосема се вклопува во пејзажот на крајбрежјето на кое се наоѓа.
Додека ентериерот е уреден во модерен стил, дворот на оваа вила сеуште ги задржува сите природни форми. Базенот е изграден без одреден почеток и крај и е преполн со песок. Низ целата надворешност сите природни материјали, како каменот и дрвото, се приспособени за употреба.
Местоположбата и целокупната уреденост на овој објект го зголемува уживањето на секој посетител.
-->
-->
-->
-->
|