Туристички навики

turisticki-naviki-povekjeИстражување за навиките на туристите спроведено во 21 држава покажа дека 68% од луѓето не сакаат да влезат во вода бидејќи се плашат од ајкули...


...како и дека Германците уживаат да се шетаат голи.

turisticki-naviki-1

15% од Германците потврдиле дека одат на нудистички плажи, за разлика од само 2% од изненадувачки срамежливите Британци.

Британците се најорганизирани, дури 35% од нив патувањето го планираат цели 6 месеци однапред, а по нив се туристите од Канада и Холандија. Тоа веројатно е поврзано со лошата клима, па не нѐ чуди што цело време мечтаат каде ќе побегнат за одмор. Затоа пак, најголем дел од Французите, Италијанците и Шпанците за летување одлучуваат во последен момент.

turisticki-naviki-2

Во овој период на глобална економска криза, ниските цени им се најважни на Британците: факторот евтино има предност над факторот сончево за 67% од британските туристи, над квалитетот на плажите за 66%, над квалитетот на храната за 62% и над прашањето дали има ајкули за 40% од нив.

Британците и Французите одморот си го сфаќаат буквално и според одговорите нивна омилена активност е „да не прават ништо“, додека 82% од Германците на прво место го ставаат пливањето.

turisticki-naviki-3

Во текот на годината Британците често одат на викенд-прошетки во континентална Европа, ама затоа нивниот летен одмор во просек е 20% пократок отколку одморот на Германците и 15% пократок од просечното летување на Французите.

На реклами веќе видовме какви домаќини се Македонците, па сега кажете ни какви сме како туристи? :)

Би можело да ве интересира:

5 дестинации на Медитеранот, совршени за бегство од реалноста во пролет Шарените куќи во Чинкве Тере или старите градби во Малта - која ќе биде вашата м...
Есенски патувања за 11 Октомври кои ги нудат македонските агенции (со автобуски превоз) Цените на овие тури се движат од 100 евра до околу 330 евра, во зависност од бро...
4 острови во Грција кои вреди да се посетат во септември Ако сè уште не сте го поминале летниот одмор и размислувате да го реализирате во...
Магично селце на Алпите е сцена од бајките (фото) На граница помеѓу Италија, Австрија и Словенија, со измешани култури и спектакул...
Летачка санка со Дедо Мраз, елка со желби: Божиќен базар во Швајцарија е еден од најубавите во Европ... На божиќниот базар во Монтро можете да ја видите санката на Дедо Мраз која преле...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg