5 романтични места во Македонија, совршени за меден месец
Кој вели дека мора да патувате во странство за да имате незаборавен меден месец? И кај нас има места на кои ќе си поминете незаборавно...
Ако наскоро правите свадба, а не знаете каде би заминале на меден месец, ви препорачуваме 5 интересни и романтични места во Македонија на кои може да уживате со саканиот во првите денови од брачниот живот.
Секако, постојат уште многу локации во земјава кои се прекрасни и кои може да се идеален избор за месен месец, па пишете ни во коментар кои се тие (според вас).
Во продолжение, 5 романтични места на кои може да отидете ако сакате медениот месец да го поминете во Македонија:
Grizzly Igloo, Козјак
Во само неколку месеци Grizzly Igloos на Козјак станаа вистински хит кај нас и омилена дестинација за викенд патувања или ноќевање преку недела. Но, што ако тука го поминете медениот месец?
Пред вас ќе се простира прекрасен поглед на езерото, над вас - небо со илјадници ѕвезди кои сјаат посилно и се гледаат поубаво отколку од која било урбана средина.
Мир, тишина, пеење на птици и будење со најубавото изгрејсонце од планинскиот врв.
Aurora Hotel & Spa, Берово
Во пријатна атмосфера, Аурора во Берово е одлично место за меден месец кај нас.
Ова пријатно место нуди сè - можност за прошетка покрај Беровското Езеро, да поминете време на базен или да ги храните срните кои живеат таму.
Голем плус за ова место е и климата, особено ако одите на меден месец преку лето, бидејќи температурата е пониска отколку во градовите поради околните планини и надморската височина на којашто се наоѓа.
Ако, пак, планирате меден месец во зима, може да ве дочека и снег и романтика покрај камин и топол огин.