5 романтични места во Македонија, совршени за меден месец
Kani Houses, с. Теарце, тетовско
Пет мали куќички со стаклени прозорци од горе до долу, во селото Теарце, тетовско, се уште една одлична дестинација за опуштен меден месец кај нас.
Свртени се кон базенот, па наутро ќе ве разбуди пријатна глетка на вода и синило.
Местото е пријатно, нема многу луѓе и тоа го прави одличен избор за неколкудневно романтично патување по свадбата.
https://www.instagram.com/p/C9IGmr8iOXW/
https://www.instagram.com/p/C87pvjFOVAG/
https://www.instagram.com/p/C6hB6PTrhPI/
Robinson Sunset House - Лагадин, Охрид
Оваа вила, скриена на планината Галичица, е уште едно место каде што можете да отидете на меден месец, особено ако вашиот избор е Охрид.
Ќе се разбудите во соба со поглед на прекрасното Охридско Езеро, а ќе уживате и во автентичниот амбиент на вилата, изградена во рустичен стил.
Vila Exotic, Тиквешко
Можеби никогаш не сте замислувале медениот месец да го поминете во Тиквешијата, но тука се наоѓа вилата Exotic, која може да ви го смени мислењето.
Таму ќе ве дочека пријатна атмосфера, мир и тишина, голем базен и прекрасен поглед на Тиквешко Езеро, а вие ќе имате чувство дека сте на некоја популарна локација низ Европа.
А. Ј. | Црнобело