Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите)

Замокот Единбург, Шкотска

Замокот Единбург е древна тврдина која се наоѓа на рид во престолнината на Шкотска.

Стар е повеќе од 1.000 години и од безбедна тврдина, станал туристичка атракција, а денес се смета и за национален споменик на Шведска.

Секако, толку стар замок сигурно има и по некоја морничава приказна, а од една од поинтересните е инспирирана и традиција.

Од 1800-тите години, секој ден во точно еден часот попладне во замокот се пука од топ. А, според легендите, пред да се испука топот, може да се слушне некаква музика која доаѓа од внатрешноста.

Некои посетители, пак, велат дека покрај чудните звуци, во замокот имало и необјасниво постудени места, па низ годините тој стана популарна дестинација за „ловци на духови“.

Интересно е и што некои вработени во замокот тврдат дека гледале некакви сенки, па и предмети кои се движат сами.

View this post on Instagram

A post shared by Joseph Bradley (@jbphoto_official)

Замокот Малборк, Полска

Овој замок се смета за најголема готска тврдина во Европа. Како со секој голем замок, и Малборк сведочел на разни битки, убиства, измачувања…

А, низ годините се јавиле и бројни легенди кои се пренесуваат со генерации.

Можеби најинтересна е приказната за витезите духови кои според некои до денес трчаат низ замокот.

Дури и луѓе кои не веруваат во духови, имаат изјавено дека во замокот не се чувствувале пријатно и мислат дека слушале чудни гласови, но и забележувале дека на многу места сијалиците трепкаат.

Замокот Орава, Словачка

Навидум, замокот Орава е како од бајка – поставен е високо над реката Орава и опкружен е со многу зеленило.

Но, секако, овде се и морничавите приказни за градбата.

Многу луѓе тврдат дека гледале духови, слушале необјасниви звуци, па дури и дека имале средби со морничави натприродни појави.

Морничавите приказни за замокот станаа уште популарни во 1920-тите благодарение на хорор-филмот Nosferatu чија приказна е инспирирана од романот Дракула.

Во филмот, злобниот вампир живее токму во овој замок.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
Чунгкинг во Кина е најлудиот град во светот – На покривите има бензински пумпи (видео) Ако некогаш го посетите Чунгкинг, ќе имате чувство како да сте зачекориле во мес...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg