Оригинално доживување - хотел сместен на дрво

originalno-dozivuvanje-hotel-smesten-na-drvo-povekjeПокрај популарните хотели од мраз и под површината на езерото, најнов шведски концепт е хотел на крошните на дрвата. "Treehotel" е сместен во селото...


...Харадс во северна Шведска, во близина на реката Луле и нуди единствено искуство.

Во модерно дизајнирани соби во срцето на недопрената природа, гостите можат да заборават на времето и секојдневието, уживајќи во мирот и тишината и одморајќи се во софистицирано, но интимно окружување.

originalno-dozivuvanje-hotel-smesten-na-drvo-01

Хотелот е инспириран од филмот "The Tree Lover" на Џонас Селберг Аугустенсен, кој раскажува приказна за тројца момци од градот кои сакаат да се вратат на своите корени градејќи заедничка куќа на дрво. Филмот е филозофска приказна за значењето на дрвата за човековото постоење.

originalno-dozivuvanje-hotel-smesten-na-drvo-03

Treehotel нуди удобност и високи стандарди во хармонично место каде гостите можат да се опуштат и да ја обноват својата енергија.  Нуди одмор за секое годишно време – во зима можете да уживате во возење на санки кои ги влечат кучиња, а лето во пешачење, рибарење или возење со кајак.

originalno-dozivuvanje-hotel-smesten-na-drvo-04

Моментално нудат 5 оригинални соби кои се изградени во 2010 година како и сауна за 12 луѓе сместена меѓу 100 годишни борови.

Собите се сместени 4 до 6 метри над земјата. Во нив се доаѓа преку електрични скали, мост или рампа, а секоја нуди величествен поглед на шумата и долината на реката Луле.

Има неколку типови на соби:

1. The Cabin – Која изгледа како кабина од жичара

originalno-dozivuvanje-hotel-smesten-na-drvo-1


2. The Mirrorcube – соба камуфлирана зад огледала

originalno-dozivuvanje-hotel-smesten-na-drvo-2


3. The Bird's Nest – соба која изгледа како огромно птичјо гнездо

originalno-dozivuvanje-hotel-smesten-na-drvo-3


4. The Blue Cone – едноставна традиционална дрвена структура

originalno-dozivuvanje-hotel-smesten-na-drvo-4


5. The UFO
– Собата која изгледа како непознат летечки објект.

originalno-dozivuvanje-hotel-smesten-na-drvo-5

Би можело да ве интересира:

10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Туристички замки што треба да ги избегнувате во Европа, според локалци Халштат во Австрија, Дубровник во Хрватска, како и замокот на Дракула во Романиј...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
Најубавите и најпопуларните дестинации за 2025-та, според Tripadvisor Лондон е прогласен за најдобра дестинација и во Европа, и во светот, додека на л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg