8 најубави плажи на Халкидики (мамат воздишки со кристално чистата вода и златниот песок)
Плажите се сместени на првиот и вториот крак на Халкидики, а важат за едни од најубавите во светски рамки. Дознајте кои плажи на грчкиот полуостров важат за едни од најубавите...
Халкидики е еден од најубавите полуострови во северниот регион на Грција, кој што е мошне атрактивен и за нашите туристи, пред сѐ заради релативно малата оддалеченост од нашата земја.
Халкидики е познат по убавите природни пејзажи, големиот број ресорти и егзотичните плажи, а поделен е на три помали полустрови што се познати и како краци.
На најјужниот крак, познат и како Касандра се наоѓаат најлуксузните хотели, одморалишта и плажи каде ги имате сите услови. Вториот крак, познат како Ситонија е помалку комерцијализиран, а на третиот крак, познат како Атос, најчесто има монашки заедници и во најголем дел е затворен за туристите.
На затворениот дел од кракот најчесто само мажите смеат да дојдат и тоа откако ќе добијат посебна дозвола за да пристигнат со брод.
Погледнете 8 од 30-те најубави плажи што се најдоа на листата на Trip Advisor за 2023:
Trani Ammoudia Beach
Trani Ammoudia Beach е позната и како Ormos Panagias, а се наоѓа на вториот крак на Халкидики, познат и како Ситонија.
На оваа плажа имате сѐ што ви треба, а посебно е привлечна затоа што има многу простор за оние што сакаат поголема приватност.
Препознатлива е по златниот песок, но и по плитките води, па заради тоа е одлична за семејствата со деца и за оние што сакаат да се опуштат на плажа покрај море. Дополнителен бонус е и тоа што речиси никогаш нема премногу метеж на неа.
Kalogria Beach
Заливот Kalgoria на Ситонија е опкружен со зимзелена шума, а плажите се препознатливи по златниот песок и тиркизно сината вода на морето.
Има голем број карпести делови и места што ви нудат приватност, а плитките води се идеални за семејства со деца.
Дополнително, карпестите предели во близина се одлични места за истражување и за прошетки, доколку сте на плажа со деца.
Toroni Beach
Toroni Beach е сместена на најјужниот дел од вториот крак Ситонија, плажата е препознатлива по убавиот пејзаж и златниот песок.
Водата има зеленкасто сина боја, а околните ридови се полни со маслинови и зимзелени дрвја.
Освен што можете да уживате на плажа, овде можете да ги истражите и околните цркви од византискиот период.
Kalamitsi Beach
Kalamitsi Beach е сместена на југоисточниот дел на полуостровот Ситонија препознатлива е по тоа што има голем број заливи за истражување и е одлична за да се опуштите и да се одморите.
Овде може да се дојде и со камп приколки, што им се допаѓа на оние што се со авантуристички дух и не сакаат да бидат сместени во хотели или во апартмани.