Хитхорн - живописно холандско село каде куќите се како од бајка и нема автомобили (фото)

Хитхорн е едно од најубавите и необични места во Холандија - во ова село, куќите се како од бајка, нема автомобили, а наместо патишта, куќите ги поврзуваат канали. Токму поради ова, го нарекуваат холандската Венеција.

hithorn-zhivopisno-holandsko-selo-kade-kukjite-se-kako-od-bajka-a-nema-avtomobili-01.jpg

Хитхорн е една од најпопуларните туристички дестинации во Холандија.

Селото е сместено во провинцијата Оверисел, во срцето на националниот парк Вирибен-Виден, а има околу 2.800 жители.

hithorn-zhivopisno-holandsko-selo-kade-kukjite-se-kako-od-bajka-a-nema-avtomobili-06.jpg

Живописното село изобилува со одлично сочувани куќи украсени со цвеќиња.

Наместо со улици, Хитхорн е поврзан со водени канали.

hithorn-zhivopisno-holandsko-selo-kade-kukjite-se-kako-od-bajka-a-nema-avtomobili-02_copy_copy.jpg

Низ селото можете да се движите со чамец или да ги минувате каналите преку мост, преку прекрасните дрвени мостови и надвозници.

Околу него доминира недопрената природа што го прави едно од најубавите мали места во Европа.

hithorn-zhivopisno-holandsko-selo-kade-kukjite-se-kako-od-bajka-a-nema-avtomobili-04.jpg

Хитхорн е едно од најпопуларните туристички дестинации во Холандија и е идеален за еднодневно патување од Амстердам.

Веднаш штом ќе се приближите до ова селце, ќе забележите дека во него нема патишта или автомобили.

Наместо тоа, главниот начин на транспорт се чамците, што го прави идеално место за одмор и бегство од метежот и вревата на градот.

hithorn-zhivopisno-holandsko-selo-kade-kukjite-se-kako-od-bajka-a-nema-avtomobili-11_copy.jpg

Туристите и жителите во Хитхорн, мора да ги паркираат своите автомобили на посебни места надвор од селото, а потоа да одат до центарот пешки или со брод.

hithorn-zhivopisno-holandsko-selo-kade-kukjite-se-kako-od-bajka-a-nema-avtomobili-09_copy_copy.jpg

Ова помага да се сочува традиционалниот изглед на селото и тоа и денес да има идиличен лик.

Селото нуди многу активности за посетителите, како што се лежерни прошетки, возење велосипед или изнајмување кајаци или чамци.

hithorn-zhivopisno-holandsko-selo-kade-kukjite-se-kako-od-bajka-a-nema-avtomobili-08_copy.jpg

За оние кои ги интересира историјата, локалните жители ја препорачуваат посетата на музејот Giethoorn't Olde Maat Uus.

Сместен во обновена фарма во центарот на Хитхорн, овој мал музеј ќе ви покаже како изгледал животот во 19-тиот век во селото и околината, кога ископувањето тресет било главна активност меѓу локалните жители.

hithorn-zhivopisno-holandsko-selo-kade-kukjite-se-kako-od-bajka-a-nema-avtomobili-07_copy.jpg

Посетителите на музејот можат да ја искусат автентичната атмосфера, да се запознаат со историјата на Хитхорн и да видат како живееле и работеле неговите жители – сето ова преку неколку изложби и интерактивни презентации.

Сите што го посетиле ова мало, автентично село се воодушевени од неговиот изглед.

hithorn-zhivopisno-holandsko-selo-kade-kukjite-se-kako-od-bajka-a-nema-avtomobili-05_copy.jpg

Тоа години наназад е вистински скапоцен камен на холандскиот туризам, каде посетителите уживаат во природата, се восхитуваат на богатата флора и фауна и можат да ги истражуваат прекрасните канали и куќи кои изгледаат како да излегле од најубавата бајка.

hithorn-zhivopisno-holandsko-selo-kade-kukjite-se-kako-od-bajka-a-nema-avtomobili-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Есенската идила на Маврово и Бистра, со овци и златести полјани (фото) Распослани златести полјани, спокој и стадо овци... Есенски сцени кои ќе ве инсп...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg