Оваа сезона, во мода се враќа трендот на дводелни костими за капење со висок струк, кој беше популарен во 50-тите години на минатиот век. Покрај тоа што ги сокрива маните, овој модел на бикини ги нагласува облините на женското тело, па трендсетерките веќе си го набавија своето омилено летно парче.