Модни предлози: Како да се облечете за летни свечени прилики? (фото)
Летото наскоро ни пристига, а во текот на сончевата сезона нè очекуваат многу венчавки, прослави, коктели и забави на отворено.
Како да ја одберете вистинската комбинација на облека за свечени прилики, во текот на топлото лето кое е пред нас?
Ако е во прашање коктел или забава на отворено, тогаш може да одберете класичен или софистициран фустан кој ќе го нагласи вашиот префинет вкус. Бирајте модели од квалитетни материјали и со едноставен крој, кои не откриваат премногу. Голиот грб е сосема доволен, а високите потпетици ќе го зачинат вашиот изглед на најдобар начин.
Доколку, пак, сте гостинка на свадба или одите на поформален настан, пристојната облека, но со луксузна нота, претставува најдобриот избор. Може да облечете класичен фустан со „пенсил“ крој, или, пак, макси фустан со блескави детали. Одберете и соодветни модни додатоци, со кои ќе го финиширате вашиот сензуален изглед на најдобар можен начин.
За младешки изглед, предлогот се фустани кои се модерни, опуштени и пријатни, доследни на трендовите, но и вашиот личен стил. Комбинирајте ги со пригодни модни аксесоари, едноставна фризура и неутрална шминка.
Ви претставуваме над 60 прекрасни и неодоливи комбинации, кои може да ви послужат како инспирација, доколку ова лето ве очекува свечен настан на кој сакате да блеснете во полн сјај.
Погледнете ги фотките во галеријата и изберете го омилениот изглед:
М. А. | Црнобело