Викторија Лоба и Александра Шијакоска во сличен аутфит - која го носи подобро?
И Лоба и Шијакоска изгледаат беспрекорно и секогаш прават одлични модни избори. Овојпат двете се во монохроматски ефектни креации со перје. Која го носи подобро аутфитот?
На 14.12 во „Музејот на македонската борба“ во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор на „Жена на годината 2022”, во рамки на конференцијата „Жени претприемачки“, а Александра Шијакоска во оваа пригода ја доби наградата „Инфлуенсерка на годината“.
За подигнувањето на наградата Александра Шијакоска беше во впечатливо модно издание со корсет со перје, панталони ѕвонарки, ракавици и впечатливи модни детали во косата.
Два месеци претходно, односна на 23-ти октомври, Викторија Лоба ја видовме во сличен аутфит на Инстаграм како позира во едно модно ателје.
Станува збор повторно за црна креација на која во главен фокус е перјето во горниот дел, но со додаток отстрана што прави креацијата да биде помеѓу панталони и фустан.
Двата стајлинзи се од истата линија на македонската дизајнерка Моника Коцарева.
Двете се во сличен аутфит, што мислите – која го носи подобро?
С. С. | Црнобело