Чести грешки во комбинирањето накит што ги правиме сите, а го уништуваат целиот изглед
Не обрнувате внимание на чевлите, не ја земате предвид должината на прстите кога одбирате прстен и носите долги обетки со марами – кои се најчестите грешки во комбинирањето накит?
Накитот може да ја подобри секоја модна комбинација, но ако не направиме добар избор, може и да ја уништи.
Кои се грешките во комбинирањето накит што треба да ги избегнувате?
Не ја земате предвид вашата висина кога одбирате ѓердани
Ако сте пониски, избегнувајте долги ѓердани, како и ѓердани со големи украси.
Од друга страна, ако сте повисоки, многу подобро ќе изгледате со токму вакви ѓердани.
Не ја земате предвид должината на вашите прсти
Кога одбирате прстени, многу е важно да обрнете внимание на должината на прстите.
Односно, ако имате мали дланки и кратки прсти, многу големите прстени нема да изгледаат најдобро.
Комбинирате прстени и часовник
Ако станува збор за мал модел на часовник, може да изгледа добро во комбинација со минималистички прстени.
Но, избегнувајте да носите прстени со големи часовници.
Не обрнувате внимание на чевлите
Кога одбирате накит, важно е да обрнете внимание и на моделот на чевли.
Во овој случај фокусирајте се на деталите на чевлите, како ремчето – ако металниот дел е со златна боја, препорачливо е и накитот да има златна нијанса.