Како да одберете квалитетен и топол џемпер кој ќе ви трае подолго од една сезона?

Избегнувајте многу тесни џемпери

Џемперите кои се многу залепени обично не изгледаат убаво бидејќи ја оцртуваат линијата на телото, а поради дебелиот материјал додаваат некој килограм плус.

Исто така, тие не топлат колку пошироките џемпери, а и можат да бидат непријатни за носење.

kako-da-odberete-kvaliteten-i-topol-dzhemper-koj-kje-vi-trae-podolgo-od-edna-sezona-06.jpg

Џемперите со големи „плетенки“ топлат најмногу

Џемперите со плетка која изгледа како големи плетенки дефинитвно топлат најмногу.

Кога се исплетени на овој начин, на нив има повеќе конец кој ќе ве заштити од студот.

kako-da-odberete-kvaliteten-i-topol-dzhemper-koj-kje-vi-trae-podolgo-od-edna-sezona-07.jpg

Проверете ја еластичноста на џемперот пред да го купите

Неквалитетниот џемпер нема да биде многу еластичен, а ова значи дека ќе ја изгуби формата по само неколку носења.

Затоа, пред да го купите, малку растегнете го џемперот – ако веднаш се врати во првобитната положба, тогаш е квалитетен.

Но, немојте да го пробувате ова на џемпери направени само од памук.

kako-da-odberete-kvaliteten-i-topol-dzhemper-koj-kje-vi-trae-podolgo-od-edna-sezona-08.jpg

Тенките џемпери нема да траат долго

Џемперите од тенок материјал се кинат многу лесно, а и не се многу еластични. Ова значи дека ќе можете да ги носите едвај една сезона.

kako-da-odberete-kvaliteten-i-topol-dzhemper-koj-kje-vi-trae-podolgo-od-edna-sezona-09.jpg

Не купувајте џемпери онлајн

Освен ако не ја знаете продавницата, не е препорачливо да купувате џемпер онлајн, особено ако нема податоци од кои материјали е направен.

Кога станува збор за ова парче облека, тешко е да процените дали е добро само од фотографија, па најдобро не ризикувајте.

kako-da-odberete-kvaliteten-i-topol-dzhemper-koj-kje-vi-trae-podolgo-od-edna-sezona-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Плетен џемпер - парче облека кое мора да го имате оваа есен 2024 (фото) Оваа есен ништо не е пошик од плетениот џемпер, без оглед дали ќе купите нов или...
Летни модни трикови со кои ќе изгледате совршено, без разлика каков тип тело имате Не избегнувајте темни бои и немојте да носите многу тесни и кратки здолништа. ...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 грешки со кои си ја уништувате есенската и зимската облека Ставате премногу омекнувач и не ги носите палатата на хемиско, туку ги перете во...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg