Кожена чанта со „вградена“ ракавица – нов бизарен модел од Balenciaga + најчудните дизајни од популарниот бренд (фото)
Модниот бренд Balenciaga претстави уште еден дизајн што го подели мислењето на јавноста – кожена чанта со „вградена“ целосна ракавица, која не мора да ја носите со рачка на рамо, туку целосно ја држите со рака во ракавот.
Модниот бренд Balenciaga веќе е познат по бизарните дизајни. По чантата која личи на вреќа за ѓубре, познатиот бренд откри нов модел на чанта којa го подели мислењето на јавноста.
Чантата првпат беше покажана на ревија на почетокот од октомври и е дел од колекцијата пролет 2023.
Станува збор за кожена чанта која наместо рачки има огромна ракавица. Што значи, за да ја носите чантата, мора да ја ставите целата ракавица.
Не е познато колку чини чантата, но штом вреќата на ѓубре е 1.790 долари, можеме да очекуваме уште повисока цена.
На Инстаграм веќе има многу шеги на сметка на необичниот модел:
„Нашиот ветеринар има ваква ракавица – му се наоѓа кога прегледува коњи“.
„Во ред, сега ни треба и една за на ногата“.
„Барем никој нема да може да ви ја украде“.
„Како ќе извадиш што било од чантата?“
„Ова е доказ дека луѓето ќе купат буквално сè, сè додека е со име на познат бренд“.
Уште неколку луди дизајни од Balenciaga:
Искинати и извалкани патики
Crocs влечки со штикла
Бизарен спој на кошула и маица по кратки ракави
Уште еден бизарен спој – кратки панталони и фармерки
Јакна направена од безброј други јакни
Чанта со штикли
Спирова С. | Црнобело