9 грешки што ги правиме сите кога носиме шешири и капи
Не ја земате предвид формата на вашето лице кога купувате капа и не ги комбинирате беретките со фармерки – кои се другите грешки што ги правиме сите кога носиме капи и шешири?
Шеширите, беретките и плетените капи се одличен додаток за есенските и зимските комбинации, но без разлика што се многу популарни, сите настојувате да правиме некои грешки со нив.
Капата може да биде акцент на целата комбинација, па важно е да го изберете вистинскиот модел, но и да ја искомбинирате правилно.
Кои грешки треба да ги избегнувате?
Носите капи во комбинација со многу додатоци, различни материјали и принтови
Кога носите капа, препорачливо е вашата облека да биде поминималистичка.
Бидејќи капата може да биде како акцент на целата комбинација, другата облека не треба да одвлекува многу внимание. Во спротивно може да изгледате „кич“.
Не ја земате предвид формата на лицето кога купувате капа
Без разлика колку ви се допаѓа некој модел, мора да се осигурате дека изгледа добро со формата на вашето лице.
Ако, на пример, имате тркалезно лице, немојте да носите „сплескана“ капа која ќе направи лицето да ви изгледа многу широко.
Купувате капи и шешири со неколку бои
Многу полесно ќе ги комбинирате еднобојните капи и шешири.
Нема ништо лошо и во моделите со повеќе бои, но имајте на ум дека со нив ќе бидете многу поограничени и секогаш ќе постои простор да направите модна грешка.
Не ги комбинирате беретките со фармерки
Кога не сте сигурни за вашата комбинација, никогаш нема да погрешите ако облечете фармерки кога сакате да носите беретка.
Всушност беретките, без разлика во која боја, изгледаат најдобро во комбинација со фармерки.