9 грешки што ги правиме сите кога носиме шешири и капи
Не ги комбинирате кожените капи со други кожени детали
Ако сакате да носите кожена капа или беретка, секогаш потрудете се во комбинацијата да има уште еден детаљ од истиот материјал, без разлика дали чизми, чанта или нешто друго.
Ја ставате косата зад ушите
Кога носите капа, немојте да ја ставате косата зад ушите.
Ќе изгледате многу подобро ако си направите патец на средината и ја ставете капата без да ја ставате косата зад вашите уши.
Покрај тоа, на овој начин вашата фризура ќе изгледа добро и откако ќе ја извадите капата.
Носите крзнени капи со „уши“
Крзнените капи изгледаат луксузно и елегантно, но само ако го одберете вистинскиот модел.
Моделите со таканаречени „уши“ делуваат детинесто и можат да ја расипат целата комбинација.
Ги „сплеснувате“ шишките со капата
Ако имате шишки, препорачливо е да носите беретки и слични модели.
Притоа, немојте да ја ставате капата врз шишките, туку малку поназад – токму поради ова беретките се подобар избор.
Носите „детски“ плетени капи
Избегнувајте ги плетените капи со многу бои.
Многу подобро ќе изгледате со еднобојна капа, која има најмногу еден детаљ во друга боја.
Спирова С. | Црнобело