Кога имаш 60 години и самоуверено се шеташ со гол стомак и куси здолништа (фото)
Италијанка е икона на стилот и не верува дека годините треба да влијаат на изборот на облека, па дури и тоа да значи гол стомак на 60 години. Се согласувате ли?
Ана Дело Русо е италијанска модна икона, на која целиот живот ѝ е поврзан со модата. Таа е во уредничкиот тим на јапонското издание на магазинот Vogue, а уште на 12 години го добила на подарок својот прв сет модни додатоци од Fendi.
Најголема желба ѝ била кога ќе порасне да има многу облека, а веќе години наназад го живее својот сон.
Уште по факултет започнала да работи за италијанското издание на магазинот Vogue и работела таму 18 години.
Сега, Ана важи за модна икона на светско ниво и иако има 60 години носи што сака и не верува во модни правила и ограничувања.
Таа многупати позира во бикини, носи куси здолниште, а неретко и модели со гол стомак.
На шега вели дека дури и бракот ѝ пропаднал поради опседнатоста со мода, а дека уште во 2010 години имала 4.000 пара чевли.