5 совети како долната облека на вас да изгледа префинето и секси (а не кич и невкусно)
Внимавајте на деколтето: Ништо не го расипува повеќе визуелниот изглед на жената од деколте со спуштени гради, но и со претерано подигнати гради, кои изгледаат како да ќе пукнат.
Многу жени подзабораваат дека треба да се внимава на модните правила не само при изборот на стајлинг, туку и при изборот на долна облека.
Некои грешки може да направат таа да изгледа лошо и несоодветно.
Правила при избор на долна облека:
Внимавајте на деколтето
Ништо не го расипува повеќе визуелниот изглед на жената од деколте со спуштени гради, но и со претерано подигнати гради, кои како да ќе пукнат.
Изберете го соодветниот градник за градите да добијат потпора и да изгледаат подигнато, но природно.
Не купувајте постојано ист број на долна облека
Не треба да одите и автоматски да кажете број на градник и да купите. Ако минатата година сте носеле одреден број на долна облека, не значи дека и годинава таа е соодветна за вас.
Исто така, запомнете дека различните брендови имаат различни мерки, па за да не ви биде уништено расположението со купување на долна облека, која потоа не ви е точна, пред шопингот направете си мерење на облините.
Долната облека не смее да ѕирка
Сокријте ја долната облека, освен ако таа специјално не ви е избрана за покажување и ви одговара како дел од стајлингот.
Со сите други случаи никој не треба да знае каква боја на градник носите или пак гаќички.
Ослободете се од силиконските прерамки
Во минатото силиконските прерамки на градниците беа вистински спас за девојките кои сакаа да ги покажат рамениците, но денес тие се минато и се страшна модна грешка.
Изберете градник со силикон на него за воопшто да нема потреба од прерамки.
Експериментирајте со боите
Дали сте од оној тип на жени кои носат само бела долна облека и сметаат дека таа одговара за секој стајлинг и секоја пригода?
Навистина не треба така. Белиот градник е несоодветен за под црна маичка и може да се проѕира.
Најубаво е да изберете крем нијанса како кожата, а уште подобро да ги бирате боите според облеката.
С. С. | Црнобело