Носете фустани и уште 9 модни совети со кои лесно ќе го прекриете стомачето
Фустанот е парчето облека со кое најлесно ќе го прекриете стомачето. Единствено треба да избегнувате многу тесни модели кои го оцртуваат целото тело.
Сите треба да научиме да го сакаме нашето тело, но некогаш нормално е и да сакаме да прикриеме некои мали недостатоци.
Опуштеното (или подуеното) стомаче е можеби најчестиот ваков „недостаток“, но не треба да ве спречи да се чувствувате прекрасно во своја кожа.
Покрај тоа, не секој има време за вежбање и готвење здрава храна за да има рамен стомак како супермодел.
Сепак, во ред е и ако сакате да го скриете стомачето, а следниве модни трикови ќе ви помогнат во токму тоа:
Ставете ја блузата или кошулата во фармерките
Кога ќе ја ставите блузата или кошулата во панталоните или здолништето, вашето стомаче ќе изгледа помало. Уште подобро ако носите панталони или здолниште со висок струк.
Носете широки, но струкирани блузи
Блузите кои се тесни кај половината и градите, а потоа стануваат широки, се најлесниот начин да го скриете стомачето.
Избегнувајте многу широка облека
Многу широката облека ќе го скрие вашето стомаче, но ќе ги скрие и деловите од телото на коишто сте горди.
Ќе изгледате многу подобро со малку потесна облека со која ќе нагласите друг дел од телото, како задникот или нозете.
Избегнувајте плетени и многу тесни блузи
Иако рековме дека потесната облека е подобра од широката, сепак избегнувајте многу тесни блузи кои целосно ја оцртуваат фигурата.
Избегнувајте и плетени блузи бидејќи можат да направат да изгледате пошироко.
Не носете здолништа и панталони со многу низок струк
Многу нискиот струк може да направи стомачето да ви изгледа многу поголемо отколку што е.