Кроп-топ маичка и уште 7 „младешки“ трендови што можат да ви стојат добро, без разлика на возраста
Можете да изгледате тренди и елегантно во кроп-топ маичка, без разлика на вашата возраст. Треба само знаете како да ја комбинирате.
Многу повозрасни жени ги избегнуваат таканаречените младешки парчиња како мини-здолништа и кроп-топ маички.
Постои верување дека оваа облека им стои добро само на млади девојки и изгледа „невкусно“ ако ја носат повозрасни жени.
Но, ако ги одберете вистинските парчиња и ги комбинирате добро, можете да ги носите овие парчиња без разлика на вашата возраст.
Истото важи и за некои видови накит, но и шминка.
Неколку совети со кои можете да ги вметнете „младешките“ трендови во вашите комбинации:
Мини здолништа
Кога станува збор за мини-здолништа, одбирајте малку пошироки модели.
Лесно можете да ги комбинирате со долга наметка или подолг мантил.
Во овој случај само обрнете внимание на бојата – избегнувајте модели со дречливи бои, а ако имаат дезен, нека биде посуптилен.
Кроп-топ маички
Кроп-топ маичките можат да ви стојат одлично во комбинација со долго здолниште или елегантни широки панталони.
Бидејќи овие маички го откриваат стомакот, препорачливо е да не разголувате друг дел од телото. Односно, избегнувајте да ги комбинирате со кратки панталони или кратки здолништа.
Исто така, многу поелегантни се маичките во една боја, но не многу дречлива.
Ако сепак се чувствувате многу разголено, секогаш можете да додадете сако.
Панделки
Украсите за коса се хит секоја сезона, а лесно можете да ги вметнете во вашите комбинации, без разлика на вашата возраст.
Никогаш нема да погрешите ако ја дополните елегантна комбинација со црна или панделка со неутрална боја.
Шминка со светки
Сенките за очи со светки можат да ве подмладат. Треба само да не претерувате.
Можете да ставите сенка за очи со златни или сребрени светки и да создадете рамнотежа со неутрален кармин.
Можете и да нанесете ајлајнер со светки, во комбинација со неутрална сенка.
Розова облека
Кај розовите парчиња важно е да немаат многу украсни детали.
Едноставните фустани, па дури и костимите со розова боја можат да изгледаат навистина добро.
Ако не сте многу сигурни, секогаш можете да одберете пастелна нијанса.
Некогаш, пак, доволно е и да имате само еден розов детаљ за да ја освежите комбинацијата.
Ранци
Нема ништо попрактично од ранците, а само затоа што сте во вашите 40-ти не значи дека ви се „забранети“.
Треба само да одберете еднобоен ранец без многу детали кој ќе можете да го вклопите со повеќе парчиња облека.
Блузи со голи рамена
Блузите со голи рамена можат да бидат одлични за елегантни комбинации.
Единствено треба да внимавате да не ги комбинирате со кратки панталони и здолништа – бидејќи рамената ќе ви бидат откриени, подобро да не откривате и друг дел од телото.
Патики
Удобните патики се одличен избор за жените на секоја возраст.
Најдобро е што можете да ги носите со секоја лежерна комбинација без да направите грешка.
Одберете поедноставен модел, со најмногу 2-3 бои и комбинирајте го со фармерки, кратки панталони, здолништа, фустани...
Спирова С. | Црнобело