Предлог комбинации во кои ќе изгледате тренди и на +30 степени (фото)
Широките парчиња од памук и лен, во комбинација со лесни балетанки или сандали се совршени за летните денови. Секако, не ги заборавајте очилата за сонце, како и шеширот кој ќе ве заштити од сонцето, но и ќе ја освежи вашата комбинација.
Летото е можеби најпроблематичната сезона за љубителите на модата. Нормално дека и во овој период од годината сакате да изгледате добро, но екстремно високите температури значително го ограничуваат вашиот избор.
Но, не е невозможно да изгледате модерно и тренди и на +30 степени.
Вo овој период најважен е материјалот од којшто е изработена облеката, па давајте им предност на „лесните“ и тенки парчиња од лен и памук. Овие материјали се пријатни и нема да ви пречат дури и ако носите нешто со долги ракави.
Исто така, ќе се чувствувате многу поудобно во поширока облека.
И секако, не заборавајте да ја дополните комбинацијата со шешир и очила за сонце ако се движите надвор по летните горештини.
Неколку предлог комбинации со кои ќе изгледате тренди и кога е најжешко:
Спирова С. | Црнобело