Розови нијанси, диско естетика: 7 клучни машки модни трендови за лето 2022 година

Машката мода веќе одамна не е здодевна, а границите се поместуваат од година во година. На пистите за пролет/лето 2022 година беа прикажани модели и кроеви кои означија разиграно менување на „досадната“ и тешка зимска облека. Смели деколтеа, разновидност и опуштен стил се само три од повеќето клучни зборови кои ги опишуваат трендовите на оваа сезона.

Rozovi-nijansi-disko-estetika-7-kluchni-mashki-modni-trendovi-za-leto-2022-godina 01 630x330.jpg

Она што можеме да го споменеме како додаток е одлуката на дизајнерите да ги „зачинат“ своите колекции со мотиви на славење, во име на можното конечно ослободување на светот по две тешки години кои се зад нас.

Затоа, оваа година ќе видиме уште повеќе живи бои, како и облека погодна за забава и прослави.

Минатото лето изобилуваше со комбинации во послободни бои, а кои парчиња и нијанси ќе бидат модерни за носење во текот на летната сезона оваа година?

Машки дуксери 

Повеќето дизајнери се решени никогаш да не ја исфрлат најголемата класика на сите времиња од нивните колекции, без разлика колку модата се менува и се разликува од година во година, а тоа е квалитетниот машки дуксер.

Модерните дуксери за мажи со и без качулка засекогаш ќе останат моден хит и нешто со што нема да погрешите. Доколку не сакате да експериментирате и сакате безбедно да „пливате“, со ова безвременско парче облека ќе бидете „ин“ засекогаш!

Rozovi-nijansi-disko-estetika-7-kluchni-mashki-modni-trendovi-za-leto-2022-godina 02 630x1134.jpg

Розова боја

Многу познати личности веќе ги наполнија своите плакари со различни нијанси на оваа боја. Нијансите кои се најпопуларни се дефинитивно валкано розова, лосос боја и многу светло розова.

Побрзајте да земете неколку розови парчиња, со оглед на фактот дека оваа боја ќе биде на врвот на топ листата на најпопуларни за оваа година!

Rozovi-nijansi-disko-estetika-7-kluchni-mashki-modni-trendovi-za-leto-2022-godina 03 630x701.jpg

Маици со поширок крој во кои полесно се „дише“

Благодарение на глобалното затоплување, секоја нова година се запознаваме со зголемените летни температури. Затоа дизајнерите ни излегоа пресрет со претставување на пошироки, лелеави маици погодни за вакви временски услови.

Rozovi-nijansi-disko-estetika-7-kluchni-mashki-modni-trendovi-za-leto-2022-godina 04 630x640.jpg

Зелена боја 

Зелената ја претставува природата и е одраз на слободата. Таа станува се поактуелна токму затоа што несомнено е една од најразновидните бои што може да се прилагоди на повеќето стилови.

Ако некој е љубител на монохроматска облека - зелената дефинитивно треба да биде неговиот избор.

Rozovi-nijansi-disko-estetika-7-kluchni-mashki-modni-trendovi-za-leto-2022-godina 05 630x1212.jpg

Диско естетика

Бидејќи во последните две години немавме многу можности да одиме во клубови, нашите плакари заборавија како изгледа облеката што не служи за спиење и домашно „блеење“. 

Па, дизајнерите решија да застанат на патот на тоа така што дизајнираа цели колекции парчиња за забава. Нè очекуваат многу светли и смели маици, многу кошули со светки и сјајни металик панталони. Во превод - сè што е сјајно влегува во игра.

Rozovi-nijansi-disko-estetika-7-kluchni-mashki-modni-trendovi-za-leto-2022-godina 06 630x804.jpg

Летен кардиган 

Многу долго време, кардиганите се сметаа повеќе за практично, отколку модерно парче на облека.

Сепак, времињата се менуваат, а оваа стара слика на кардигани падна во заборав. Веќе во текот на изминатата година станаа невидено посакувани, а оваа зима го достигнаа врвот на популарноста. 

Затоа, дизајнерите одлучија да дизајнираат малку потенки верзии на овие интересни додатоци за облека и за пролетните и за летните колекции. Во моментов нема славна личност или инфлуенсер кој не поседува барем едно такво парче.

Rozovi-nijansi-disko-estetika-7-kluchni-mashki-modni-trendovi-za-leto-2022-godina 07 630x840.jpg

Летни шорцеви

Toтално неизбежен летен детаљ. Ленени, тексасни, платнени, еднобојни или шарени - тие се парче кое во никој случај не излегува од мода и мажите го обожаваат.

Rozovi-nijansi-disko-estetika-7-kluchni-mashki-modni-trendovi-za-leto-2022-godina 08 630x883.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Смели модни комбинации во боја за дамите кои не сакаат да бидат како во униформа Дали во вашиот плакар има само класични, едноставни парчиња облека или доминираа...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg