Трикови со кои ќе го подобрите модниот стил, без да трошите пари на нова облека

Носете колани

Кога ви недостасува нешто во комбинацијата, секогаш можете да пробате да додадете колан.

Без разлика дали носите сако, фустан или мантил, коланот може да направи голема разлика.

kako-da-go-podobrite-i-osvezhite-vashiot-stil-bez-da-kupuvate-nova-obleka-07.jpg

Носете пониски чевли

Штиклите ја прават секоја комбинација подобра, но нема потреба да се измачувате со многу висока потпетица. Сепак, за да изгледате добро, важно е и да се чувствувате удобно.

Ниските штикли се одличен избор и со нив сигурно ќе ви биде поудобно.

kako-da-go-podobrite-i-osvezhite-vashiot-stil-bez-da-kupuvate-nova-obleka-08.jpg

Правилно комбинирајте ги чантите

Чантата е најлесниот начин да ја подобрите секоја комбинација.

Кога станува збор за помали чанти, носете ги напред, во висина на половината.

kako-da-go-podobrite-i-osvezhite-vashiot-stil-bez-da-kupuvate-nova-obleka-09.jpg

Не ги заборавајте очилата

Веројатно и самите имате забележано дека очилата за сонце можат драстично да го подобрат вашиот изглед.

kako-da-go-podobrite-i-osvezhite-vashiot-stil-bez-da-kupuvate-nova-obleka-10.jpg

Дајте им предност на кошулите

Ако треба да избирате помеѓу кошула и блуза, секогаш е подобро да ја одберете кошулата.

Ова парче облека е лесно за комбинирање, а им стои добро на сите, без разлика на формата на телото.

kako-da-go-podobrite-i-osvezhite-vashiot-stil-bez-da-kupuvate-nova-obleka-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg