Ланчиња со натписи и уште 7 видови накит кои не треба да ги купувате (и зошто)

Раскошните прстени украсени со многу камења тешко се комбинираат и изгледаат добро само со некој балски фустан. Па, подобро дајте им предност на минималистичките прстени со поедноставен дизајн.

lanchinja-so-natpisi-i-ushte-7-vidovi-nakit-koi-ne-se-trendi-i-ne-treba-da-gi-kupuvate-01.jpg

Како што се менуваат трендовите за облека, се менуваат и трендовите за накит. А, штом некое парче накит е речиси невозможно да го вметнете во тренди комбинација, тогаш не вреди ни да го купувате.

8 видови накит за кои не треба да трошите пари:

Обетки со пердуви

Иако обетките со пердуви беа ултра популарни, сега многу поголем хит се големите впечатливи обетки со сребрена или златна боја.

Овие обетки лесно можат да ја трансформираат секоја ваша комбинација, па се подобар избор.

lanchinja-so-natpisi-i-ushte-7-vidovi-nakit-koi-ne-se-trendi-i-ne-treba-da-gi-kupuvate-02.jpg

Големи ѓердани како јаки

Заборавете на огромните ѓердани со многу украси кои наликуваат на јаки.

Големите ѓердани повторно се хит, но со поедноставен дизајн.

lanchinja-so-natpisi-i-ushte-7-vidovi-nakit-koi-ne-se-trendi-i-ne-treba-da-gi-kupuvate-03.jpg

Потемнето сребро

Потемнетото сребро кое му дава винтиџ изглед на накитот оди во заборав. Наместо тоа, девојките и жените преферираат „чист“ сребрен накит.

lanchinja-so-natpisi-i-ushte-7-vidovi-nakit-koi-ne-se-trendi-i-ne-treba-da-gi-kupuvate-04.jpg

Класичен ѓердан од бисери

Денес многу попопуларни се ѓерданите со 1-2 бисерчиња или мал детаљ кој наликува на бисер.

lanchinja-so-natpisi-i-ushte-7-vidovi-nakit-koi-ne-se-trendi-i-ne-treba-da-gi-kupuvate-05.jpg

Комплети

Најдобар избегнувајте да купувате комплети бидејќи никој не ги носи, но и нема да изгледате многу добро ако наеднаш носите прстен, нараквица, ѓердан и обетки.

Подобро сами купувајте посебни парчиња накит и комбинирајте по најмногу две – како ѓердан и обетки или прстен и обетки.

lanchinja-so-natpisi-i-ushte-7-vidovi-nakit-koi-ne-se-trendi-i-ne-treba-da-gi-kupuvate-06.jpg

Нараквица со прстени

Денес овие нараквици изгледаат кич – многу подобар избор се одвоени прстени и ракавици со минималистички дизајн.

lanchinja-so-natpisi-i-ushte-7-vidovi-nakit-koi-ne-se-trendi-i-ne-treba-da-gi-kupuvate-07.jpg

Ланчиња со натписи

Избегнувајте ги ланчињата со вашето име или некои бесмислени зборови.

Изминативе година-две многу попопуларни се ланчињата со логоа од брендот или украси со апстрактни форми.

lanchinja-so-natpisi-i-ushte-7-vidovi-nakit-koi-ne-se-trendi-i-ne-treba-da-gi-kupuvate-08.jpg

Раскошни прстени

Денес многу повеќе се ценат минимализмот и едноставноста, па раскошните прстени украсени со безброј камчиња се далеку од популарни. Покрај тоа, навистина е тешко да ги комбинирате овие прстени и изгледаат добро само со некој балски фустан.

Од друга страна, минималистичките прстени или оние со малку украси е многу полесно да ги вметнете во секоја комбинација.

lanchinja-so-natpisi-i-ushte-7-vidovi-nakit-koi-ne-se-trendi-i-ne-treba-da-gi-kupuvate-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
Тренд кој ги освои и Македонките - Златни обетки во стилот на '80-тите Цветови, солзи, кругови - оваа сезона во фокус се големите златни обетки во стил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg