5 бои што ќе ги носиме оваа пролет + неколку предлог комбинации (фото)
Азурно сина, жолта како лимон, маслинесто зелена - оваа пролет ќе доминираат боите кои нè асоцираат на убаво и сончево време.
Во пролет сите сакаме да ја освежиме гардеробата и да се фокусираме на комбинации со посилни бои.
Оваа сезона ќе доминираат живите бои кои асоцираат на пролет и кои лесно ќе можете да ги вметнете во пролетните комбинации.
Кои нијанси ќе ги носиме оваа пролет?
Азурно сина
Оваа нијанса на сина изгледа одлично и на еден детаљ, но и како доминанта боја во вашиот аутфит.
Розова
Оваа пролет слободно комбинирајте неколку нијанси на розова боја. Исто така, оваа боја изгледа многу добро и само на еден детаљ, како впечатливи чевли.
Боја на лимон
Жолтата боја како лимон изгледа одлично ако имате потемен тен. Истовремено, оваа боја може да ја разбие монотоноста на секоја комбинација.
Зелена
Зелената, особено маслинестите нијанси, ќе бидат огромен хит оваа пролет, а најдоброто од сè е што изгледаат добро со скоро сите други бои.
Портокалова
Самата боја асоцира на потопло време, па оваа пролет треба да се најде во вашиот гардеробер.
Можете да ја комбинирате со светли бои, но и да правите комбинации со неколку различни нијанси на портокалова.
Спирова С. | Црнобело