Најудобните штикли
Колку пати по целодневно носење штикли ве болеле нозете и сте се колнеле дека тоа нема повторно да го направите? Го знаеме и одговорот, не сте...
... престанале да ги носите. Ќе ве развесели веста дека од сега постојат штикли поради кои нема да трпите болки,а линијата на вашите нозе и понатаму ќе биде совршено издолжена.
Францускиот дизајнер на чевли Rafael Jang смислил, дури и патентирал револуционерен модел.
Ги нарекол "R-Flex".
Имаат висока петица со челични влошки, латекс гел и гума вбризгана во материјалот под стапалото.
За биде чевелот постабилен, во подрачјето околу прстите има челичен механизам кој спречува виткање на зглобот.
Но, и удобноста има цена – чинат околу 450 евра.