10 модни грешки кои прават да изгледате постаро
Носите многу слоеви облека
Слоевитото облекување е одлично за променливо време, но не треба да претерате.
Ако облечете повеќе од 2-3 слоја облека, не само што ќе изгледате поголемо, туку и постаро.
Носите премногу принтови
Кога станува збор за принтови, треба да следите едно правило – избегнувајте да комбинирате два или повеќе.
Ќе изгледате многу подобро (и помладо) ако само еден детаљ од вашата комбинација има впечатлив принт.
Носите марами околу вратот
Иако изгледаат елегантно, и марамите околу вратот можат да ве направат постари.
Истото важи и за кошулите со сличен детаљ на јаката.
Носите градник со погрешна големина
Тесниот градник ќе се оцртува на вашето тело и не само што нема да изгледа добро, туку и ќе ви биде неудобно. Сличен ефект имаат и преголемите градници.
Затоа, одвојте време да го откриете вашиот вистински број.
„Старински“ принтови
Избегнувајте ги „старинските“ принтови, како многу мали цветови, бидејќи секогаш прават да изгледате постаро.
Спирова С. | Црнобело