10 модни грешки кои прават да изгледате постаро
„Старинските“ принтови со многу цветови и облекувањето во црно „од глава до пети“ можат да направат да изгледате неколку години постаро.
Стареењето е природен процес што не можеме да го избегнеме и треба да го прифатиме. Но, нема потреба да изгледате постаро отколку што сте само поради облеката што ја носите.
Некои парчиња облека иако изгледаат мошне добро, сепак ви „додаваат“ години и најдобро е да ги избегнувате во вашата младост.
Најчести модни грешки што прават да изгледате постаро:
Носите старомодни очила
Очилата за гледање можат да бидат совршен моден додаток ако го одберете вистинскиот модел. Поголемите очила се вистински хит изминативе неколку години и навистина можат да ве подмладат.
Па, следниот пат кога ќе ги заменувате очилата, одберете некој ваков модел.
Постојано се облекувате во црно „од глава до пети“
Додека црната боја секогаш изгледа добро, не треба да претерувате. Целосно црните комбинации можат да направат да изгледате постаро, затоа секојпат пробајте да вметнете и некоја друга боја.
Ако се чувствувате најудобно во црна облека, дајте им шанса на неутралните тонови кои сигурно ќе ви стојат добро.
Го покривате секој дел од телото
Кога станува збор за мода, рамнотежата е секогаш важна – не треба да го покажете секој дел од телото, но не треба ни да се покриете целосно.
Кога временските услови го дозволуваат тоа, покажете малку кожа, како нозете, рацете, па дури и деколтето.
Носите само „молив“ здолништа
Иако овие здолништа се многу елегантни, сепак можат да направат да изгледате постаро.
За да го избегнете овој ефект, пробајте да ги комбинирате и со полежерни парчиња. Или, дајте им предност на пошироките здолништа.
Носите многу долги здолништа
Премногу долгите здолништа исто така можат да направат да изгледате постаро.
Ако ги сакате долгите здолништа, најдобро носете модели кои завршуваат под колената.