Џастин Тимберлејк и уште 14 славни мажи кои и кога одат до продавница се како за на модна писта
Даниел Крег, Нил Патрик Харис и Рајан Рејнолдс се само дел од познатите мажи кои сакаат да изгледаат добро дури и кога завршуваат секојдневни обврски.
Познатите личности, и мажите и жените, изгледаат беспрекорно кога се на важен настан, како доделување на некоја награда. Неретко тие се подготвуваат со месеци за ваквите настани и за нивниот изглед се грижи цел тим стилисти.
Доста често славните се и како подвижни реклами за познатите брендови кога се на црвениот тепих и, на некој начин, имаат обврска да изгледаат добро.
Но сепак, скоро сите имаат свој уникатен стил кој го негуваат и кога ги завршуваат секојдневните обврски, а ова не важи само за познатите дами.
И многу мажи од светот на шоу-бизнисот одат на прошетка или до продавница со одлични комбинации.