Опседнати ли сте со убавината?

opsednati-li-ste-so-ubavinata-povekjeСекоја жена сака да е убава – не баш да изгледа како манекенка, но сепак да биде убава. Во тоа и помагаат: гардеробата, козметичките препарати...


...декоративната козметика.... Сепак, постојат жени кои знаат да претераат во грижата за себе.

opsednati-li-ste-so-ubavinata

На што се мисли? Разни медиуми постојано нè бомбардираат со пораки за тоа како изгледа убавината, што е во тренд, добиваме куп совети (некогаш и противречни) за тоа како да се разубави овој или оној дел од телото, што со што одговара, а што не... Секако има и корисни совети, и точни работи – но дури и ако е така, не мора баш секогаш да се придржувате на советите.

Имено, најубава жена е задоволната жена. Жената која е задоволна со себе си, која што има сила во себе, ведра е и љубезна. Таа зрачи со убавина, онаква каква што ниту една козметика, гардероба, па ни естетска хирургија не би можела да создаде. Ако се опседнете со козметика, облека ... со време станува здодевно и престанува да биде задоволство, станува оптеретување и полека го губите природниот шарм и безгрижност.

Затоа, да не се заборави, ако ви се допаѓа некој парфем кој е наменет за тинејџерки, а убаво ви мириса, ставете го! Доколку сакте да си поиграте со боите кои „по правило“ не одат една со друга само напред! Експериментирајте, забавувајте се, немојте да ги сфаќате својот изглед, а ниту себеси пресериозно и секогаш ќе имате доза на ведрина.

Најубава жена е онаа што од срце се смее – млада или стара, полничка, слаба или со идеална фигура, со фарбана или природна коса (може и побелена), нашминкана или без шминка, најубава е насмеана.

Би можело да ве интересира:

Едноставни модели на кошули, идеални и за на работа и за вечерни излегувања (фото) Кога не знаете што да облечете за на работа или за вечерно излегување, можеби на...
8 модни парчиња што вреди да ги купите оваа есен (дури и ако гардероберот ви е преполн) Мантил со маслинеста боја и црни мокасини – со кои парчиња ќе бидете тренди оваа...
10 модели на чанти кои ќе доминираат оваа година Од актовки спремни за работа кои одговараат на деновите подготвени за во канцела...
6 модни формули за рана пролет со кои секогаш ќе изгледате средено Пролетта ни е на прагот, а во претстојните месеци дополнете го вашиот плакар со ...
Модни трикови со кои ќе изгледате одлично и на 45+ години Со палта разбијте ја монотонијата на едноставните комбинации, избирајте шорцеви ...
25 впечатливи модни комбинации на Македонки кои изгледаат стилски и во студените денови (фото) Комбинации од фармерки со плетени џемпери и капут или бунда, слоевито облекување...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg