5 тајни на парижанките за вонвременска елеганција - Кои парчиња облека се секогаш модерни според нив?
Тајната за совршениот изглед на парижанките се крие во лежерноста и опуштеноста во облекувањето. Овие жени секогаш се водат од правилото: „колку помалку - толку подобро“.
За разлика од жените во другите светски модни престолнини, парижанките не се трудат премногу и за нив секогаш „помалку значи повеќе“. За да бидете шик во париски стил потребно е да почитувате неколку модни правила, а тоа се: едноставност, парчиња облека што ја нагласуваат фигурата на телото и секако да носите парчиња облека што прават да се чувствувате самоуверено.
Токму во тоа е и тајната во модата на парижанките, што може да ви помогне да се чувствувате дека изгледате убаво и да бидете посамоуверени.
Во продолжение погледнете модни парчиња без кои што парижанките не можат, а кои може постојано да се комбинираат:
Фармерки со рамен крој и висок струк
Гардароберот е многу побогат кога во него имате едни добри фармерки.
Фармерките што одговараат на најголемиот дел од женските тела се фармерките со рамен крој и висок струк со должина до над зглобовите.
Во вакви фармерки обемот околу колковите изгледа поизбалансирано, а нозете се издолжуваат. Додека високиот струк ја нагласува половината и му дава подобар изглед на задникот.
Црн блејзер
Освен добри фармерки ќе ви биде потребен и добар црн блејзер.
Ова парче облека е вонвременско, а ќе го надополни опуштениот изглед.
Црниот блејзер можете да го комбинирате со сè: фармерки, фустан, здолништа или целосни пантолони.
Бела кошула
Белата кошула ќе ви се најде за секоја пригода.
Станува збор за парче облека што може да се комбинира лесно во секоја пригода.
Во зима можете да го комбинирате со подебели џемпери или во лето врз костим за капење.
Голема плетена чанта
Плетените чанти на почетокот биле синоним за богатство затоа што биле достапни само на туристичките места и затоа им биле достапни на луѓето што имале можност да патуваат.
Денес не мора да носите скапа плетена чанта за да изгледате елегантно.
Чизми до глуждовите
Еден од најпопуларните трендови кај парижанките се чевлите, односно чизмите до глужд.
Тие се лесни за носење, удобни, а постојано изгледаат елегантно.
Можете да ги носите и со фармерки, и со фустан или со здолниште.
Според парижанките навистина не е потребно премногу да се дотерувате, па тие ретко трупаат премногу акцесоари, при што избираат само едно парче накит за да го нагласат изгледот.
парижанките во основа избегнуваат облека со шари, освен шарите на леопард што според нив, се наутрални, како и шарата на твид во стилот на Шанел.
Б. С. Б. | Црнобело